Македонија
Нови 130 случаи на коронавирус, починаа 6 лица

Во последните 24 часа направени се 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 88, Кавдарци – 10, Велес – 7, Прилеп – 6, Охрид и Крива Паланка – по 4, Куманово и Битола – по 3, Гостивар и Кичево – по 2, Демир Хисар – 1.
Регистрирани сe 423 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Куманово – 65, Струмица – 18, Штип – 11, Прилеп и Охрид – по 9, Тетово – 7, Кавадарци и Кратово – по 6, Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово – по 5, Битола, Струга и Гевгелија – по 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Виница – 2, Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 6 лица: 2 починати лица од Куманово (63 г и 68 г) и по едно починато лице од Скопје (77 г), Тетово (85 г), Крива Паланка (27 г) и Струмица (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Направени се 1.843 тестови преку: ИЈЗ – 52, ЦЈЗ Скопје – 0, ЦЈЗ Битола – 10, ЦЈЗ Прилеп – 52, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово – 11, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8 Септември – 0, Институт за микробиологија – 0, Жан Митрев (Филип Втори) – 97, Авицена – 103, Биотек – 100, Систина – 49, лабораторија Лаор – 0, Синлаб – 0, Ремедика – 0, Плодност – 27, Генеа – 0, Никоб лаб – 311, ВФВ Медикал – 45, Ели Медика – 15, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 970.
Досега во земјата се направени вкупно 1.326.737 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 85134, Активни 3391
Куманово 11714, Активни 548
Тетово 10880, Активни 179
Прилеп 9156, Активни 189
Гостивар 7971, Активни 57
Битола 7192, Активни 193
Велес 6416, Активни 291
Охрид 6037, Активни 224
Кавадарци 6033, Активни 153
Штип 5868, Активни 201
Струмица 5813, Активни 196
Кичево 4008, Активни 118
Струга 3809, Активни 62
Кочани 3343, Активни 121
Гевгелија 2457, Активни 62
Неготино 2328, Активни 21
Свети Николе 1938, Активни 91
Радовиш 1547, Активни 61
Ресен 1545, Активни 44
Крива Паланка 1504, Активни 122
Дебар 1451, Активни 22
Берово 1214, Активни 13
Делчево 1127, Активни 41
Виница 1056, Активни 45
Пробиштип 942, Активни 39
Валандово 830, Активни 16
Кратово 606, Активни 55
Богданци 561, Активни 18
Крушево 534, Активни 11
Македонски Брод 475, Активни 11
Демир Хисар 458, Активни 30
Демир Капија 411, Активни 3
Македонска Каменица 319, Активни 27
Пехчево 315, Активни 2
Дојран 140, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
„Утрово потпишавме Договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје. Ова се пет нови авиолинии кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром“, рече Николоски.
Тој додаде дека за една година се отворени 16 нови авиолинии.
„Со 11 нови линии кои што веќе ги отворивме и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии кои ги отворивме за само една година. И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1, 5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром“, рече Николоски и најави дека во следниот период ќе има уште нови авиолинии.
Македонија
Зголемен број на туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…

Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и зголемување на интересот на странските туристи од западноевропските земји, пред сè, од: Франција, Германија и Велика Британија.
Министерството за култура и туризам ги анализираше најновите податоци за движењето на странските туристи во Македонија за првите пет месеци од 2025 година, во однос на истиот период во 2024 година, при што е забележан пораст од 23,6 % кај странските туристи и раст од 18,7 % кај остварените ноќевања.
Во првите пет месеци од 2025 година, туристичкиот промет во Македонија бележи значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година.
Посебно се издвојува Германија со раст од 219 % во бројот на туристи и 146 % во ноќевања, што укажува на видно зголемен интерес на германските туристи за посета на нашата земја. Франција бележи највисок пораст со 398 % повеќе туристи и 303 % повеќе ноќевања, со што се позиционира како нова стратешка цел на туристичките политики. Велика Британија забележува значително зголемување од 204 % во бројот на туристи и 139 % во ноќевањата. Турција, која беше водечки пазар во 2024 година, продолжува со стабилен раст од 11 % во бројот на туристи и 21 % во ноќевањата, задржувајќи ја својата прва позиција според вкупниот број на туристи и ноќевања. Овие резултати ја потврдуваат позитивната динамика и зголемениот интерес за Македонија како атрактивна туристичка дестинација на европската мапа.
„Македонија бележи растечки интерес кај странските посетители за културен туризам во месеците надвор од традиционалната сезона, што значително придонесува за анулирање на сезонскиот туризам, зголемување на вкупните туристички приходи и засилување на локалната економија. Овој тренд е од исклучително значење затоа што создава континуирана туристичка активност низ целата година, ги ангажира локалните заедници, занаетчии, водичи и угостители, и овозможува рамномерен економски развој и надвор од туристичките центри“, соопшти Министерството и најави дека ќе ги искористи овие податоци за прецизно насочување на промотивните активности, подготвување на програмата на секторот туризам, јакнење на авионските врски со новите пазари и активна поддршка на туристичките оператори.
Македонија
Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека Владата ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, a во насока на унапредување на енергетската заштита и поддршка на граѓаните кои се соочуваат со социјални и здравствени предизвици.
Со оваа Програма се обезбедуваат 42.300.000 денари од државниот буџет, наменети за директна финансиска поддршка за најзагрозените категории на граѓани,
„Програмата има за цел да обезбеди достапна и сигурна енергија за оние на кои им е најпотребна. Средствата се наменети за директна финансиска поддршка за домаќинства што живеат во енергетска сиромаштија, со особен фокус на лицата со попреченост и оние кои користат гарантирана минимална помош“, велат од Министерството.
Корисници на оваа програма се домаќинствата кои остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси, како и домаќинства во кои живеат лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепи или потполно глуви лица.
За оваа втора категорија, Програмата предвидува месечна поддршка во висина од 1.000 денари, што директно ќе се одбива од фактурите за потрошена електрична енергија, почнувајќи од месецот на поднесување на барањето, во времетраење од 12 месеци.
Финансиската поддршка ќе се доделува според принципот најниски приходи, се до исцрпување на средствата и тоа:
-2. 300. 000,00 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее лице/лица со тешка или длабока интелектуална попреченост,
– 19. 000. 000,00 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее лице/лица со најтешка телесна попреченост,
– 9.000.000,00 денари од вкупните средства ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее потполно слепо лице и
– 12. 000. 000,00 денари од вкупните средствата ќе бидат наменети за домаќинства во кое живее потполно глуво лице.
Заинтересираните граѓани ќе можат да аплицираат преку јавен оглас кој ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за енергетика (www.energy.gov.mk) и во два дневни весници. Огласот ќе биде со рок за пријавување од 30 дена. Образецот за пријава ќе биде достапен на интернет, како и во архивата на Министерството, а апликантите ќе треба да приложат и документи со кои ја докажуваат исполнетоста на условите за финансиска поддршка.
Распределбата на средствата ќе се врши согласно специфичните потреби на целните групи: 2,3 милиони денари се наменети за домаќинства со лица со тешка интелектуална попреченост, 19 милиони за домаќинства со најтешка телесна попреченост, 9 милиони за домаќинства со потполно слепо лице и 12 милиони денари за оние со потполно глуво лице.
Процедурата за селекција ќе ја спроведат четири комисии составени од вработени во Министерството, поделени според видот на попреченост на лицето во домаќинството. Комисиите ќе ги разгледуваат пристигнатите барања и ќе утврдат кои кандидати ги исполнуваат условите. Списокот на корисници кои ќе добијат финансиска поддршка ќе биде јавно објавен.
Програмата предвидува и дополнителни мерки за олеснување на енергетскиот пристап, вклучувајќи ослободување од трошоци за повторно приклучување, приоритет во отстранување на дефекти и мерки против исклучување поради неплатени сметки во зимскиот период.
Сите информации, јавниот оглас и образецот за пријава ќе бидат достапни на веб-страницата на Министерството: www.energy.gov.mk.
Од Министерството апелираат сите кои исполнуваат услови навремено да се информираат и да аплицираат во предвидениот рок.