Забава
„Дизни“ работи на филм за создавањето на „Дизниленд“

Филмското студио „Дизни“ наводно работи на филм за патувањето на својот основач Волт Дизни да го изгради култниот тематски парк во Калифорнија, чија премиера ќе биде на „Дизни плус“, стриминг-платформа на компанијата.
Како што пишува „Дедлајн“, филмот – кој допрва треба да добие наслов – ќе го режира Дејвид Гордон Грин (Halloween Kills).
Сценариото треба да го напише Еван Спилиотопулос („Убавицата и зверот“ и „Снежана и ловецот“).
„Дизниленд“ – кој беше прогласен за најсреќно место на Земјата или Happiest Place On Earth – првпат беше отворен во 1955 година и тоа е единствениот парк изграден целосно под директен надзор на Волт, иако други следувааа на Флорида, во Париз и во целиот свет.
Некои од саканите атракции на паркот оттогаш беа адаптирани за големото платно, вклучително и за „Пиратите од Карибите“, „Опседната палата“ и „Крстарење во џунглата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Галеб на покривот на Систинската капела го украде шоуто на конклавата, интернетот е полн со мемиња

Голем број луѓе денеска со нетрпение го следеа оџакот на Систинската капела, чекајќи го белиот чад што ќе го одбележи изборот на нов папа.
Сепак, вниманието на јавноста за момент не го украде чадот, туку галеб кој слета на местото во кое беа вперени сите погледи на светот.
Птицата која се насели на покривот на Систинската капела стана главна атракција на социјалните мрежи, а корисниците веднаш ја претворија во ѕвезда на бројните мемиња.
„Дива“, „Поздрав до оној галеб кој беше целосно фокусиран на настаните од конклавата“, „Најдоброто место во градот“, се само дел од коментарите на „Икс“.
Забава
Ќе ве прегазат до целта: бегајте од овие хороскопски знаци

Во секојдневните врски, без разлика дали станува збор за работа, пријателство или љубов, често наидуваме на луѓе кои ништо друго не ги интересира освен своите потреби.
Тие често се ставаат себеси на прво место, донесуваат одлуки исклучиво во свои интереси и ретко ги земаат предвид чувствата и потребите на другите луѓе.
За некои луѓе, ова однесување се повторува толку често што станува дел од нивниот идентитет. Еве ги хороскопските знаци во кои се раѓаат тие луѓе.
Овен
Овните се познати по својот силен карактер, амбиција и решителност. Сепак, овие особини честопати ја преминуваат границата и се претвораат во отворен егоизам. Кога Овенот сака нешто, ретко бара мислења од другите и речиси никогаш не чека сите да се согласат – едноставно се движи кон својата цел без да се осврнува назад.
Во меѓучовечките односи, тие често забораваат дека другите имаат чувства, потреби и граници бидејќи се убедени дека тие најдобро знаат што е исправно. Иако нивната енергија може да се протолкува како ентузијазам, таа често им се претставува како чиста себичност на оние околу нив.
Лав
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и уживаат кога сè се врти околу нив. Иако ова може да им донесе популарност и восхит, многу често оваа потреба за доминација и признание ги прави исклучително егоцентрични. Лавовите ќе бидат среќни да зборуваат за себе, за своите успеси и планови, но ретко искрено ќе ги слушаат другите.
Кога работите не одат како што треба, тие можат да станат драматични, горчливи и ладни. Емпатијата честопати не им е силна страна бидејќи веруваат дека нивните мислења и потреби се најважни. Нивното его не толерира критики, а односите со нив лесно стануваат еднострани – сè додека им обрнете внимание, сè е во ред.
Јарец
Јарците се многу амбициозни и фокусирани на успех, а тоа често ги води кон себично однесување. Тие не губат време на емоции или друштвени игри – ако не им сте корисни во остварувањето на нивните цели, ретко ќе се задржуваат во ваше друштво.
Јарците не бараат одобрение од другите, а камоли да ги вклучуваат во своите планови – тие знаат што сакаат и го остваруваат без оглед на туѓите мислења. Нивната незаинтересираност и рамнодушност кон потребите на другите може да бидат болни и разочарувачки.
Забава
(Фото) Мет Дејмон покажа нов изглед на црвениот тепих, го споредуваат со Том Хенкс

Холивудскиот актер Мет Дејмон (54) беше фотографиран на премиерата на филмот Shadow Force во Њујорк. Тој беше придружуван од сопругата Лусијана Баросо, со која е во брак 20 години.
Но, наместо атрактивната 48-годишна избраничка на Дејмон, вниманието го привлече новиот имиџ на актерот. Дејмон ја покажа својата густа проседа коса, но и брада, на црвениот тепих.
Многумина го споредуваат со Том Хенкс во филмот Cast Away. Хенкс го играше Чак Ноланд, кој беше заглавен на пуст остров, а Чак исто така имаше густа коса и брада во филмот.
Но, трансформацијата на Дејмон се чини дека е резултат и на подготовката за улогата бидејќи тој ќе го глуми грчкиот херој во претстојниот филм „Одисеја“.