Македонија
(Видео) Шилегов: Новиот мост „Михајло Апостолски“ е симбол на другарството и слободата
Градоначалникот на Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов, на последниот ден од изборната кампања од мостот на булеварот АСНОМ испрати порака која ја упати до разумот и до срцата на сите луѓе кои во Скопје го основале својот дом.
Како што кажа тој, новиот мост„Михајло Апостолски“ на булеварот АСНОМ не поврзува само две страни на еден булевар, не поврзува само две населби, три општини, туку овој мост ги поврзува граѓаните на Скопје.
„Мостот ја испраќа пораката дека Скопје веќе не е поделен град. Во Скопје веќе не се делиме, на важни и помалку важни, на наши и нивни, на Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци и други. Овој мост е на сите кои макар еднаш ќе поминат преку него. Од исток кон запад, од север кон југ и обратно“, нагласи тој.
Додаде дека со изградбата на овој мост жителите на Аеродром веќе нема да чекаат по 40 минути на Железничка кога одат или се враќаат од работа.

„По овој мост ќе се движат безбедно и брзо и пешаци и велосипедисти, и јавен градски превоз и автомобили, без застој, без доцнење, без непријатности. Мостот на булевар АСНОМ е симбол на поврзувањето, другарството и слободата! И затоа, неслучајно, донесовме одлука токму овој мост да го носи името на народниот херој, храбриот генерал Михајло Апостолски кој бил еден од најистакнатите членови на Президиумот на АСНОМ, еден од најзаслужните за раѓањето и градењето на македонската држава, за ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, за пишувањето и негувањето на нашата, скопска и македонска историја. Нека живее вечно споменот на овој голем човек во срцата на скопјани, нека го поврзува градот убав цврсто и силно како неговата борба за слобода и раѓањето на нашата Македонија“, порача Шилегов кој истакна дека на 17 октомври секој глас ќе биде важен за да продолжи напредокот на градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

