Македонија
Максим Димитриевски во тесно водство пред кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово
Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој неодамна беше исклучен од СДСМ, е во тесно водство во првиот круг на локалните избори, покажуваат првичните неофицијални резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија.
Зад него е Оливер Илиевски од СДСМ, а на трето место е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски.

Според обработени 99,88 отсто од гласовите, Димитриевски освои 15.151 глас или 32,82 отсто од излезените гласачи, Оливер Илиевски – 15.098 или 32,71 %, Тони Михајловски 8.567 или 18,56 %, Беким Салиу од Алијанса за Албанците – 4.254 гласа или 9.21 % и Теодора Димитровска од ЛДП/ДОМ 1.026 гласа или 2,22 %.
Димитриевски се заблагодари на сите кои му дале поддршка во првиот круг и најави победа во вториот круг.
„Граѓаните на Куманово победија! Тие секогаш знаат да го направат вистинскиот избор. Се заблагодарувам на сите кумановци кои ни дадоа поддршка. Се заблагодарувам и на сите оние кои не нè поддржаа во првиот круг, но ќе направам сè за да им го објаснам концептот #ЗаНашеКуманово, кој е концептот за сите граѓани. На 31 октомври Градскиот плоштад ќе биде преполн со народ. На 31 октомври да издвојуваме уште една голема победа!“, напиша Димитриевски на „Фејсбук“.
И од СДСМ најавија победа во вториот круг.

„Согласно последните официјални резултати на Државната изборна Комисија, од 167 избирачки места во Куманово СДСМ и коалицијата се победници со советничката листа и во водство за градоначалник. Советничката листа на СДСМ и коалицијата е победник во Куманово со освоени најмногу гласови, односно 11.688. Во однос на кандидатите за градоначалник, резултатите се речиси изедначени, со тоа што Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово има 15.098. Гласови на коалицискиот партнер ЛДП го ставаат Илиевски на водечка позиција за победа во втор круг“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

