Црна хроника
Матичар на скопјанка ѝ издал извод дека нејзината жива мајка е умрена, по што почнала оставинска постапка
Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги денеска поднесе кривична пријава против Т.Х. (43) од Скопје, поради сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и В.Т.(55) од Скопје, поради сомнение дека сторила кривично дело поттикнување.
Како што информираат од МВР, првопријавениот Т.Х. во својство на матичар во Управата за водење на матичните книги во Скопје, во текот на август 2020, поттикнат од второпријавената В.Т. ја злоупотребил својата службена положба и постапил спротивно на процедурата за пријавување на починато лице и издавање извод од матична книга на умрени и спротивно на член 21 од Законот за матична евиденција.
Тој од второпријавената не ја обезбедил потребната документација за впишување на смрт и издавање Изводи од матична книга на умрени, односно со непотполна документација ја впишал смртта на М.С. (брат на второпријавената) и на Љ.С. (мајка на второпријавената) иако истата е жива, а потоа издал и Изводи од матична книга на умрени, кои на незаконит начин В.Т. ги искористила за поведување оставинска постапка прикажувајќи се како единствен наследник, со цел стекнување значителна имотна корист за себе во вредност од 27.323.299 денари (444.281 евра), на штета на О.Б.С. (сопруга на М.С.) и нивните три деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

