Македонија
Мицкоски: Следува енергетска криза и рестрикции, владата нè враќа 40 години назад

Mакедонија е пред енергетска криза која ќе се одрази и со рестрикции на електричната енергија и која граѓаните ќе ја почувствуваат уште од наредниот месец, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој ова го истакна денеска при посетата на Индустриската зона Жабени во Битола, одговарајќи на новинарски прашања, при што беше прашан и за коментар за пропаднатиот тендер за јаглен за РЕК Битола.
„Македонија е пред енергетска криза. Мислам дека веќе во ноември ќе ги чувствуваме првите последици на таа енергетска криза. Од она што го имам како информација е дека се подготвува и во енергетските компании план за рестрикции. Не знам колку е тоа вистина, но таа информација дојде до мене. Значи се враќаме 30-40 години назад во времето, со оваа Влада на СДСМ сè е можно, вклучително и рестрикции и враќање назад“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека тој предупредувал дека поради нестручноста и лошата енергетска политика на СДСМ, Македонија ќе биде пред енергетска криза.
„Јас на ова предупредував токму од тука, од Битола пред неколку месеци, предупредив дека со оваа енергетска политика и со оваа нестручност наместо работа се крадат енергетските компании, многу лесно ќе се соочиме со енергетска криза и таа енергетска криза ни е на прагот, ни тропа на врата. И верувајте, јас очекувам уште во ноември месец такво нешто ќе се случи. Место камионите да копаат, тие се фокусирани да крадат. А, зошто да копаат? Затоа што рударските машини и камионите се потребни за да може технолошкиот процес на производство на електрична енергија да биде заокружен и на тој начин граѓаните да добијат соодветна количина на електрична енергија“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.