Свет
Нови детали: Болдвин пукал од пиштол со кој пред снимањето гаѓале лименки?
Извор од екипата од снимањето на филмот „’Рѓа“ (Rust), за време на кое актерот Алек Болдвин ненамерно ја застрела камерманката Халина Хачинс, открива дека пред снимањето се пукало од оружје со вистински куршуми.
Како што пренесува Си-ен-ен, истрели биле испукани и од пиштолот што подоцна му бил предаден на Болдвин. Тимот пукал во празни лименки пиво, што во САД е популарно наречено plinking.
Нови детали од филмскиот сет за Си-ен-ен открила Шерон Воксман, основачка на шоубиз-порталот The Wrap, повикувајќи се на нејзин доверлив извор од сетот.
Таа објаснила дека тимот на филмските сетови на тој начин често вежбал пукање користејќи вистински куршуми. Нејзиниот портал дознал дека тие го правеле истото тоа на денот кога Хачинс беше застрелана во градите, а ранет беше и режисерот Џоел Соуза.
Си-ен-ен се огради од наводите на тој портал зашто во моментот не може да ги потврди, а продуцентите на филмот го повториле она што веќе го кажаа – дека безбедноста на актерите и тимот зад камерите е приоритет. Тие истакнале дека соработуваат со полицијата и дека не знаат за поплаките во врска со безбедноста на оружјето и реквизитите на снимањето, односно дека ќе ги испитаат нивните безбедносни процедури, додека снимањето е прекинато.
По трагедијата, американските медиуми објавија дека неколку дена претходно на сетот случајно било пукано од пиштол и тоа неколкупати, но дека нема повредени и дека не е јасно дали во тие ситуаации имало вистински куршуми во пиштолите.
Наводно, неколку членови на тимот го напуштиле сетот поради грижа за сопствената безбедност.
Соуза откри дека Болдвин вежбал извлекување на пиштолот и дека го вперил оружјето во камерата по што истрелал куршум, од кој загина камерманката на сетот, а тој беше ранет. Режисерот додава дека слушнал звук како свиреж и силен бум додека стоел зад застреланата Хачинс, се вели во извештајот на прелиминарната истрага.
Во истиот документ се наведува дека Хачинс била погодена во градите, а неколку часа подоцна била прогласена за мртва. Снимателот Рид Расел изјави дека инцидентот не бил снимен бидејќи екипата само се подготвувала за снимање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

