Македонија
Русковска на состанок со главниот бугарски обвинител, Иван Гешев
Во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, јавната обвинителка Вилма Русковска беше домаќин на Главниот обвинител на Република Бугарија Иван Гешев и јавниот обвинител и портпарол Сијка Милева кои се во дводневна посета на нашата земја.
Во рамките на работната средба во фокусот на разговорите беше борбата против меѓународниот организиран криминал и корупцијата и превенција и сузбивање на тероризмот. Меѓу другото, обвинителите ја истакнаа и важноста од брзо постапување во меѓународната правна соработка, како и улогата што истата ја има во сузбивањето на транснационалниот криминал.
Иван Гешев и Вилма Русковска го истакнаа своето задоволство од досегашната соработка меѓу обвинителствата на Република Бугарија и Република Северна Македонија и надежите дека истата ќе продолжи и во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

