Македонија
(Видео) СДСМ: Ништо не е готово за мнозинството во Советот на Град Скопје
За мнозинството во Советот на Град Скопје ништо не е завршено. Битката во Скопје е в недела по што ќе видиме кој има реално мнозинство, рече Љубица Јанчева од СДСМ како реакција на денешните изјави од ВМРО-ДПМНЕ дека парламентарната опозиција во македонското Собрание, во согласност со бројот на освоени гласови, има апсолутно мнозинст во градскиот Совет.
Меѓутоа, според Јанчева, денешните изјави само потврдиле дека ВМРО-ДПМНЕ и Левицата се едно исто.
„Како што знаете, ќе има прегласување на едно место во Шуто Оризари и во зависност од резултатот, може да дојде до нов распоред на советничките места.
Дополнително, сите независни листи, реалните гласови на граѓаните не може да бидат надвор од Советот на Град Скопје, СДСМ ќе ги вклучи и нив.
В недела е потребно обединување на демократските, прогресивни сили во Скопје, в недела е потребно обединување на гласот за напредок.
Да не дозволиме остатоците од режимот здружени со лажните левичари да добијат можност да го уништуваат Скопје како што тоа го правеа 27 години“, порача Јанчева додавајќи дека Скопје мора да продолжи да се развива, да се гради како европска метропола, а не, како што рече, како метропола на кичот и барокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Регеионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти
Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регеионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ.
Ноќеска од 03.30 часот на овој патен правец, дел од стовариште „Митко“, на десната коловозна лента во правец на Охрид околу 100 метри, имаше вода од околу 30см, информираше претходно АМСМ. Сообраќајот беше пренасочен по левата коловозна лента.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)

