Македонија
(Видео) Заев: В недела гласајте за прогресивни, демократски сили, а не за режимски кадри

Недела, 31 октомври, е важен ден, пред нас е вториот круг од локалните избори, а во оваа кампања јасно видовме кои се концептите, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во своето обраќање до гласачите.
„Едниот е нашиот, концепт на инвестиции во локални проекти, на поголеми плати и пензии, на грижа за сите. Другиот концепт е оној на опозицијата, на ВМРО-ДПМНЕ, сега и официјално поддржана од Левицата. Концепт што носи поделби, омраза, меѓуетнички тензии и пљачкање на народните пари. На едната страна ние, обединети прогресивни и демократски сили, подготвени да водат напред, на другата страна стари режимски кадри, кои сакаат да ги вратат државата и општините назад“, истакна Заев.
Како што нагласи тој, лагите, заканите и омразата не смее да бидат наше секојдневие.
„Затоа е потребно обединување. Секој поединец мора да даде свој придонес во одлуката да продолжиме напред. В недела, кога сте сами зад параваните на гласачките места, донесете ја најдобрата одлука за вас, за вашето семејство, за вашата општина, за вашата држава. Заокружете го бројот 12! Потврдете дека нашите општини, нашата заедничка татковина продолжуваат по исправниот пат“, порача лидерот на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.