Македонија
Радовишанка излегла да гласа, а имала решение за самоизолација

Жителка на радовишко село излегол да гласа иако имала решение за самоизолација.
Според информациите на МВР, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека Г.К. од радовишко село излегла на гласање и покрај тоа што имала решение за самоизолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица, се чека околу половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од општините Студеничани, Шуто Оризари и Карпош без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Патишка река, Елово, Црн Врв, Малчиште, викендици Држилово, Краст Јаболце, ХПП Патишка Река, општина Студеничани;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улицата Метохиска, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Бардовци и кај викенд населбата, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 2”( цола) на улицата Коста Шахов бр.13 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Коста Шахов, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.