Забава
Алек Болдвин: Се случуваат незгоди на филмски сетови, но ништо слично на ова

Со нетрпение чекаме канцеларијата на шерифот да ни каже што утврдила нивната истрага, им рече Алек Болдвин на новинарите кои заедно со фотографи и камермани неуморно го следат деновиве обидувајќи се да добијат коментар во врска со трагичниот инцидент, а во саботата успеаја да извлечат куса изјава кога тој застана со својот автомобил покрај пат.
„Шокантната смрт на снимателката Халина Хачинс е една во трилион случаи. Таа ми беше пријателка“, вели Алек Болдвин на снимката што ја емитуваше „ТМЗ“ во саботата, додавајќи дека поддржува ограничувања за употребата на вистинско оружје во филмови и ТВ-серии.
Болдвин и неговата сопруга разговараа со новинарите кои ги пресретнаа во еден мал град во Вермонт во саботата, негово прво појавување пред камера по смртта на Хачин.
Во кусиот разговор, прв откако случајно ја застрела снимателката со пиштол за кој му беше кажано дека не е наполнет, тој нагласи дека добил инструкции да не ја коментира истрагата од властите во Санта Фе, Ново Мексико.
„Не смеам да давам никакви коментари бидејќи истрагата е во тек“, им рече актерот на новинарите.
„Одвреме-навреме се случуваат незгоди на филмски сетови, но ништо слично на ова. Ваква несреќа е една во трилион.“
Тој нагласи дека се залага регулаторите да преземат мерки за ограничено користење боева муниција на снимањето сцени со пукање.
Трагичниот инцидент се случи на 21 октомври, кога Болдвин испука пиштол наполнет со вистински куршум за време на проба на сет. На Болдвин му било кажано дека пиштолот е безбеден.
Засега не е покренато обвинение против никого, а канцеларијата на шерифот на Санта Фе соопшти дека ќе биде потребно време за да се заврши истрагата. Останува нејасно како боева муниција стигнала до сетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Нина Бадриќ со мајка си ужива на Хвар

Хрватската пејачка Нина Бадриќ како и секое лето ужива на островот Хвар.
Таа објави фотографија со мајка ѝ Мила на „Инстаграм“. „Пред сè… мама“, напиша таа.
View this post on Instagram
На фотографијата Мила и Нина се облечени во лесни летни комбинации.
Иако ретко објавува нивни заеднички фотографии, пејачката постојано нагласува дека мајка ѝ е нејзината најголема поддршка во животот.
Забава
По седум години во брак, Дениз Ричардс и Арон Фиперс се разведуваат

Дениз Ричардс и Арон Фиперс се разведуваат.
Арон поднесе барање за развод, објави списанието „Пипл“ повикувајќи се на судски документи. Датумот на развод е 4 јули, а причината се непомирливи разлики.
Според документите, Фиперс побарал од Ричардс брачна издршка, а исто така побарал и нивниот имот и долговите, вклучувајќи ги неговите електрични алати, мотоциклот и спортскиот автомобил, да останат посебен имот.
View this post on Instagram
Двојката нема деца иако Ричардс претходно откри дека Фиперс е во процес на посвојување на нејзината 14-годишна ќерка Елоиз. Не е јасно дали посвојувањето официјално завршило.
Тие се заедно од 2017 година.
Актерката го запознала Арон во центар за лекување во Малибу, а почнале да се забавуваат во јуни 2017 година. Тие ја чуваа својата свршувачка во тајност и се венчаа на 8 септември 2018 година.
Ричардс претходно беше во брак со Чарли Шин. Тие беа заедно од 2002 до 2006 година и имаат две ќерки, Сами и Лола.
Во една епизода од реалното шоу „Дениз Ричардс и нејзините диви нешта“, Арон и Дениз рекоа дека разводот не е опција за нив.
„Да, никогаш повеќе нема да се разведам. Дури и да се мразиме, нема да се разведам“, додаде Дениз. Фиперс додаде дека дури и ако се разделат, официјално нема да се разведат. „Само ќе имаме посебни домови или нешто слично“, рече тој.
Забава
Во три хороскопски знаци се раѓаат „најлошите“ жени

На некои жени им е тешко да преживеат во општеството поради нивниот разуздан карактер и многу бурен темперамент. Тие се ставаат себеси на прво место и не може да видат ништо подалеку од своето его.
Тие знаат да бидат многу комплицирани, но и да си го прават своето, без да гледаат назад на потребите на партнерот, останувањето во брак со нив е вистинска уметност!
Еве за кои хороскопски знаци станува збор:
Овен
Жените од овој знак мора да контролираат и да надгледуваат секој аспект од врската. Не е тоа што не ве почитуваат како личност. Едноставно, такви се. Мораат сè однапред да испланираат и сакаат секој детаљ од врската да биде на свое место.
Поради нивната самодоверба, на почетокот се интересни, но таа самодоверба се претвора во доминантна природа, со која ќе ви биде тешко да се справите.
Тие нема да реагираат добро на некој што им се заканува, некој чија личност е исто толку интензивна и моќна како нивната. Најважно е да се има предвид дека не сакаат нивната врска да биде борба за превласт.
Шкорпија
Од сите хороскопски знаци, жените Шкорпија се едни од најинтересните и најуникатни. Тие имаат многу квалитети. Тие се паметни, проницливи, организирани и одговорни.
Она што им недостиг е посветеност. Тие ги прават работите на одреден начин и мразат кога мораат да се приспособуваат на желбите на другите луѓе.
Потребени се многу труд и посветеност за да се натера жена како оваа да се посвети на врската со вас. Повеќето мажи се разочарани.
Девица
Постои едно нешто што луѓето не го сметаат за привлечно кај Девиците – тоа е нивната опсесивно критична и осудувачка природа.
Поради нивната перфекционистичка филозофија, Девиците имаат неразумно високи стандарди. Тие ќе очекуваат од вас да бидете повеќе отколку што сте и нема да им биде жал ако се чувствувате лошо што не ги исполнивте нивните очекувања.
Тие веруваат дека имаат право да поставуваат високи стандарди и ако навистина сакате да бидете со нив, мора да направите сè што можете за да ги исполните.