Забава
Де Ниро може да го задржи богатството, пресуди судот

Роберт де Ниро нема да мора да ѝ предаде половина од своето богатство од 500 милиони долари на својата отуѓена сопруга.
77-годишниот актер е во процес на развод од Грејс Хајтауер од 2018 година, а минатата недела 66-годишната Грејс ја загуби правната битка откако судот го отфрли нејзиното тврдење дека има право на половина од парите што холивудската легенда ги заработи од филмови и од различни деловни потфати во текот на нивниот 24-годишен брак.
Апелациониот оддел на Врховниот суд на Њујорк ја потврди пресудата донесена во февруари, а во која се наведува: „Приходот на сопругот заработен во текот на бракот, и друг деловен имот стекнат за тоа време, е негова посебна сопственост“.
Грејс инсистираше на тоа дека заработката на актерот ветеран се смета како брачен имот и треба да се подели рамномерно како што е наведено во нивниот предбрачен договор од 2004 година.
Сепак, условите на предбрачниот договор ќе бидат прифатени, што значи дека ѕвездата на „Разјарениот бик“ ќе ѝ плаќа алиментација на Грејс во висина од 1 милион долари годишно до неговата смрт или додека таа повторно не се омажи. Тој исто така ќе треба да ѝ даде 6 милиони долари за нова куќа.
Адвокатката на Де Ниро, Керолин Краус, претходно тврдеше дека нејзиниот клиент не може да ги следи екстравагантните навики на поранешната сопруга и ја обвини дека поставува барања кои граничат со расипништво и алчност. Де Ниро потрошил неверојатни 1,2 милион долари за да ѝ купи дијамант во 2019 година, но тимот на Грејс го негираше ваквото тврдење.
На рочиште во април адвокатката на Де Ниро рече дека тој бил присилен да продолжи да работи на 77-годишна возраст за да го финансира животниот стил на Грејс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.