Забава
Кијану Ривс ги изненади каскадерите од „Џон Вик 4“ со подароци

Кијану Ривс на својот тим каскадери во „Џон Вик: Поглавје 4“ им подари часовници „Ролекс“ со посвета.
Брус Консепсион, Џереми Маринас, Дејв Камарило и Ли Кианг добија сребрени часовници со изгравирани лични пораки на внатрешната страна.
Како што пренесуваат американски медиуми, Ривс ги поканил на вечера во бистрото Paul Bert во Париз и таму им ги врачил подароците. На тој начин сакал да ја одбележат последната клапа од снимањето на филмот. Со овој гест, великодушниот актер сакал да им изрази благодарност за нивната соработка во филмот.
На секој часовник напишал посебна посвета: „За петтемина од Џон Вик, ви благодарам, Кијану“.
Четворицата каскадери споделија фотографии од вечерата, опишувајќи го снимањето и дружењето со Ривс како едно од најпосебните искуства во нивниот живот.
Џереми Маринас на својот Инстаграм го покаже својот нов Rolex Submariner и напиша дека е најдобриот подарок што го добил досега.
Кијану е еден од ретките во Холивуд кои ја покажуваат својата човечност и приземност. За разлика од оние кои уживаат во гламур, луксузни автомобили и скапи ресторани, тој е многу скромен и плени со едноставноста со која зрачи.
Ѕвездата на „Матрикс“ важи за една од најскромните ликови на Холивуд, кој поголем дел од неговата заработка од најуспешните блокбастери го донира за детски болници.
Тој е холивудски љубимец на кого парите не му се мотивација во животот. Филмовите му донесоа големо богатство, но тој не придава важност на тоа. Останува скромен и човечен и затоа е еден од најомилените актери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.