Забава
Букеровата награда заврши во рацете на Дејмон Галгут
Јужноафриканскиот писател и драматург Дејмон Галгут ја освои престижната Букерова награда за белетристика за својот роман „Ветување“.
Галгут, кој претходно беше номиниран во 2003 и 2010 година, ја подигна наградата од 50.000 фунти на свечена церемонија во средата.
Тој двапати се најде во потесниот избор за оваа награда, овој пат успеа во третиот обид со семејната сага и мистерија во центарот на приказната, што наиде на пофалби од литературните критичари. Медиумите коментираат „трета среќа за Дејмон“ .
„Ветување“ е негов деветти роман и го следи патот на едно јужноафриканско семејство во текот на четири децении од ерата на апартхејдот до денес.
Претседавачот на судиите, Маја Јасаноф, романот го опиша како a tour de force. „Комбинира извонредна приказна, богати теми и историја од последните 40 години на Јужна Африка во неверојатно добро изработен пакет“, рече таа.
Насловот на книгата се однесува на ветување дека црна слугинка на бело семејство ќе ги добие куќата во која живее и земјата на која се наоѓа куќата. Книгата е приказна за бело семејство што живее во Јужноафриканската Република и кое децении, по смртта на таткото – глава на семејството, се расправаат за правото на неговата семејна куќа. Пред смртта таткото ја оставил куќата на нивната црна слугинка.

„Ми требаше долго време да стигнам овде и сега се чувствувам како да не треба да бидам тука. Ова беше одлична година за африканската литература и би сакал да ја прифатам наградата во име на сите раскажани и нераскажани приказни на писатели што ги знаете или за кои не сте слушнале, од извонредниот континент, чиј дел сум и јас. Ве молам, продолжете да нѐ слушате, доаѓаат уште многу приказни“, порача Галгут, како што пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
стин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

