Забава
(Видео) „У2“ на „Tик-ток“ најави нова песна
Легендарниот ирски рок-бенд „У2“ се придружи на социјалната мрежа „Тик-ток“, а во својата прва објава сподели дел од нова песна што излегува овој викенд со наслов Your Song Saved My Life.
Песната е снимена како музика за филм за претстојниот анимиран SING 2, а во филмот фронтменот на „У2“, Боно, ќе дебитира на анимираното платно како рок-ѕвездата Клеј Каловеј.
Исто така, дискографијата на бендот е достапна за корисниците, кои сега може да стават негови нумери како музичка придружба во своите објави.
Некои од песните на бендот, кои сега се достапни во библиотеката на „Тик-ток“, вклучуваат: Beautiful Day, With or Without You, Vertigo, Sweetest Thing, One и Where The Streets Have No Name. Овој месец се одбележуваат 30 години од револуционерниот албум Achtung Baby, а бендот ќе објави архивски снимки од некои од своите настапи и турнеи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга се појавија на премиера на филм во Белград, се држеа за рака
Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора беа на премиерата на филм во Белград.
Парот на премиерата дојде во елегантно издание. На црвениот тепих позираа со актерката Марта Бјелица и цело време се држеа за раце.
Сергеј и Исидодора беа на премиерата на истиот филм пред една недела. Тоа беше прво јавно излегување на парот по нивната неодамнешна тепачка и семејно насилство. Двојката дојде во лежерна облека и спремно им позираше на фотографите.
Забава
Пријанка Чопра објави фотографија од детството, ја нападнаа дека е „трансродова“
Пријанка Чопра, индиска актерка, пејачка, поранешна Мис на светот и сопруга на пејачот Ник Џонас, на социјалните мрежи објави фотографија од младоста поради која стана мета на негативни коментари.
„Предупредување: Немојте да се потсмевате со мојата деветгодишна верзија. Неверојатно е да се мисли што може да и направи пубертетот и дотерувањето на една девојка. Лево е мојата фотографија кога бев помлада со момчешка фризура што требаше да биде практично за училиште (благодарам, мамо). Претходно имав фризура во облик на чинија, па ова беше подобрување“, напиша Пријанка покрај фотографиите.
„На десната страна сум јас на 17 години, откако ја освоив титулата Мис Индија во 2000 година и уживав во шармот на косата, шминката и гардеробата. Фотографиите се направени со разлика од помалку од десет години. Како што прекрасно кажа Бритни Спирс: Јас не сум девојка, но сè уште не сум ни жена. Токму така се чувствував тогаш, влегувајќи во големиот свет на забавната индустрија“, додаде таа.
На Инстаграм ја следат повеќе од 92 милиони луѓе, а некои и напишале грди коментари поради фотографија од нејзиното детство.
„Убаво го напишавте сето тоа, но заборавивте да ја спомнете пластичната хирургија“, „Ова е неверојатно“, „Секогаш ми изгледаше малку мажествено, мислев дека можеби е трансродова, ова е доказ“, „Заблагодари се на твојот пластичен хирург“ , „Позади овие фотографии се крие подлабока приказна“, „Се родила како машко“, беа коментарите на некои луѓе.
Секако, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана и и пишуваа комплименти.
Забава
Бил Гејтс: Кога ќе ве прашаат за плата на интервју за работа, побарајте опција за акции
Интервјуата за работа може да бидат доста стресни, а едно од прашањата што ги интересира повеќето работодавци е очекувањата за платата на кандидатот.
Бил Гејтс, милијардерот и технолошки магнат познат по тоа што го ко-основа Мајкрософт во 1975 година, еднаш откри што сметал дека е совршен одговор на тоа прашање. Гејтс верува дека можете да одговорите на прашањето за очекуваната плата на начин што ќе ве издвои од другите кандидати и предложи како да одговорите.
„Се надевам дека пакетот со опции е добар. Подготвен сум да ризикувам и мислам дека компанијата има одлична иднина, па затоа повеќе би сакал да добијам опција за акции отколку паричен надоместок“, објасни тој.
Гејтс смета дека со ваквиот пристап кандидатот покажува дека е посветен на бизнисот бидејќи заработувачката ја поврзува со сопствениот учинок, што на работодавците им покажува дека е свесен за сопствените способности. Тој исто така објасни дека можете да го прилагодите овој пристап на секоја компанија која нуди бонус систем.
На пример, можете да нагласите дека сте посветени на целта секој квартал да докажувате зошто ја заслужувате вашата целосна плата. На овој начин, според Гејтс, покажувате дека, иако сте таму за да заработите пари за себе, вие сте посветени и на успехот на самата компанија.