Македонија
Aлијанса за Албанците: Државата ќе има нова влада без СДСМ и ДУИ и нема враќање назад

Политичките партии кои не беа дел од злото што го произведоа хибридниот режим меѓу најкорумпираните во светот, ги надминаа разликите и создадоа ново мнозинство, на кое ќе продолжат да се додаваат прогресивни и храбри луѓе, велат од Алијансата за Албанците преку соопштение.
Од партијата порачаа дека државата ќе има нова влада без СДСМ и ДУИ и нема враќање назад. Новото мнозинство, велат од Алијансата за Албанците, е најдобриот одговор на повиците на претседателот Бајден, ЕУ и други меѓународни пријатели за борба против криминалот и корупцијата.
„Дојде крајот на владата со функционери кои се на црната листа на САД. Денес режимот падна и сега почнува вистинската слобода на граѓаните воопшто и на Албанците особено. Граѓаните веќе нема да се плашаат од партизираната полиција и криминализираниот систем на ДУИ. Нема да има повеќе директори кои им се закануваат на вработените и инспектори кои ограбуваат бизниси. Нема да има повеќе бизнис изнуда од корумпирани функционери како Катица Јанева со Боки13, нема да има повеќе злоупотреби на јавните средства како што правеше Рашковски, а уште помалку со европските средства како што направи функционерот на ДУИ Јахиу. Нашата земја повеќе нема да биде црна дупка во Шенгенскиот систем на ЕУ, каде што доаѓаат дилерите на дрога од целиот свет и купуваат пасоши за да избегаат од Интерпол“, се наведува во соопштението.
Понатаму, од партијата на Зијадин Села велат дека ќе уследат слободни, фер и демократски избори, право кое, како што тврди партијата, на Албанците им е ускратено повеќе од две децении.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Воведуваме двосменско работење на градинките до 22 часот

„За првпат воведуваме бесплатно двосменско работење на градинките до 22 часот, за да им излеземе во пресрет на родителите и да им обезбедиме поголема поддршка на семејствата“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник на општината Горан Герасимовски.
Тој потенцираше дека оваа мерка е наменета за родителите на деца од предучилишна возраст кои поради своите работни обврски имаат потреба од подолга грижа и безбедност за своите деца.
Со ова мерка, се обезбедува вистинска поддршка за семејствата, со што ќе им се олесни секојдневието на родителите.
Македонија
Филипче и СДС во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче и СДС навистина треба да престанат да говорат за економската политика во државата, за да не се срамат. Тие во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во нивно време, како што нагласуваат од владејачката партија, пензиите се зголемуваа за 150 денари, граѓаните живееја со 150 денари на ден, земјоделците не добиваа субвенции, вработени не земаа плати со месеци, инфлацијата беше над 20%, платите стагнираа, секојдневно имаше протести од синдикати, вработени, пензионери, студенти, кои беа на маргините во тоа време.
„Да не го заборавиме и јавниот долг кој достигна над 60%, невратените еврообврзници, како и делот дека во нивно време се богатеа само функционери, а народот немаше за основни потреби.
Сега имаме вистинска промена, платите се зголемени во здравството, културата, социјалата, образованието, полицијата, администрацијата и други општествени сфери. Земјоделците добиваат навремени субвенции, вработените добиваат навремено плата, инфлацијата е ниска, дури пониска од онаа европската просечна, јавниот долг континуирано се намалува, пензионерите добиваат 7000 денари, се отвораат работни места, нови можности за бизнисите, поддршка на младите и многу други проекти кои се од круцијално значење за граѓаните“.
Изборот, како што истакнуваат од оваа партија е повеќе од јасен на овие избори.
„Или одбираме долгови, ниски плати а висока инфлација, граѓани оставени на маргините, или одбираме вистинска промена со високи плати а ниска инфлација и граѓани кои се вклучени во секој дел од одлучувањето“.
Македонија
Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97 проценти од нив добија само 1.000 денари

„На пензионерите сакам да им порачам: вие сте последната група на граѓани којашто оваа власт ја прелажа,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој потсети дека и пред пензионерите, излажани беа работниците, лекарите и земјоделците:
„После работниците на коишто платата им се намалува – просечната плата три месеци по ред се намалува. После лекарите кои не гледаат ниту денар зголемување на платата. После земјоделците на кои им се укинаа субвенциите. После социјалната помош која апсолутно никако не се зголемува – сега и пензионерите сфатија дека се излажани.“
Филипче подвлече дека доколку останеше методологијата воведена од СДСМ, пензионерите денес ќе имаа двојно поголемо зголемување:
„Да останеше нашиот систем на методологија за зголемување на пензиите, сега 97% од пензионерите наместо 1.000 ќе земеа 2.000 денари зголемување.“
Претседателот на СДСМ предупреди и на загрозувањето на Пензискиот фонд:
„Со т.н. воведување на линеарно зголемување на пензиите, го загрозија работењето на фондот. Дупката после исплатените 5.000 денари од 30% се зголеми на 50%. Тоа значи дека половина од парите за пензии ги покрива државата. Едноставно нема пари во фондот.“
„Ние таква дупка затекнавме во 2017 година и постепено ја намаливме до 30%. Имавме систем кој го зајакнува фондот и гарантира стабилна исплата,“ рече Филипче.
Тој укажа дека ветеното зголемување е илузија:
„Овие 1.000 денари се веќе изедени од инфлацијата. Пензионерите едноставно нема да почувствуваат ништо. Уште една лажна кампања излезе на виделина.“
„Работата не е да ги прелажеш граѓаните. Работата е да им кажеш како се работи во нивна корист и во интерес на државата,“ подвлече Филипче.