Македонија
Регистрирани 601 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: направени се 4.501 тестирање, а регистрирани се 601 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 217, Битола – 68, Велес – 34, Кавадарци и Куманово – по 31, Прилеп и Штип – по 28 , Крива Паланка – 18, Кочани и Тетово – по 17, Гевгелија – 16, Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш – по 10, Берово – 9, Неготино – 8, Македонска Каменица и Ресен – по 5, Богданци, Виница и Гостивар – по 4, Кратово, Пробиштип и Струмица – по 3, Демир Хисар, Крушево и Свети Николе – по 2, Македонски Брод и Струга – по 1.
Регистрирани сe 304 оздравени пациент од: Скопје – 141, Куманово – 26, Велес – 16, Прилеп и Кавадарци – по 15, Битола и Штип – по 14, Охрид – 10, Тетово и Кочани – по 7, Пробиштип – 6, Свети Николе – 5, Струмица, Гевгелија, Неготино и Делчево – 4, Кичево, Струга, Валандово и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Ресен, Виница и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72г, и 81г), Куманово (60г и 89г) и Кочани (64г и 72г), и едно починато лице од Кавадарци (78г), Демир Хисар (75г), Битола (68г), Крива Паланка (58г), Велес (73г), Неготино (45г), и Виница (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Направени се 4.501 тест преку: ИЈЗ-339, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-90, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–81, ЦЈЗ Куманово-58, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, Жан Митрев (Филип Втори)-91, Авицена-201, Биотек-247, Систина-61, лабораторија Лаор-200, Синлаб-35, Ремедика-18, Плодност–77, Генеа-11, Никоб лаб-622, ВФВ Медикал-68, Ели Медика-67, Ројал Медика –39, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.916.
Досега во земјата се направени вкупно 1.404.750 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, бројот на оздравени пациенти е 190.570, на починати е 7.217, а бројот на активни случаи изнесува 7.836.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 89940, Активни 3657
Куманово 12465, Активни 423
Тетово 11113, Активни 183
Прилеп 9650, Активни 365
Гостивар 8021, Активни 35
Битола 7733, Активни 465
Велес 6949, Активни 368
Кавадарци 6460, Активни 324
Штип 6298, Активни 259
Охрид 6212, Активни 201
Струмица 5939, Активни 100
Кичево 4157, Активни 113
Струга 3850, Активни 44
Кочани 3691, Активни 225
Гевгелија 2620, Активни 120
Неготино 2441, Активни 84
Свети Николе 2045, Активни 83
Крива Паланка 1727, Активни 171
Радовиш 1632, Активни 70
Ресен 1607, Активни 57
Дебар 1453, Активни 3
Берово 1289, Активни 63
Делчево 1211, Активни 75
Виница 1103, Активни 39
Пробиштип 1059, Активни 71
Валандово 868, Активни 24
Кратово 678, Активни 49
Богданци 597, Активни 22
Крушево 561, Активни 25
Демир Хисар 514, Активни 52
Македонски Брод 481, Активни 6
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 374, Активни 48
Пехчево 324, Активни 4
Дојран 151, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновски: Помалку чекање, помалку простор за корупција, дигиталната трансформација, реформа насочена кон граѓаните
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во денешната изјава за медиумите истакна дека повеќе од 40 институции го користат националниот Документ менаџмент систем (ДМС), како дел од процесот на дигитализација на институциите и општините и унапредување на квалитетот на јавните услуги за граѓаните.
„Поврзувањето на институциите и општините значи побрзи, поедноставни и подостапни услуги за граѓаните. Тоа е суштинска реформа во начинот на кој функционира државата“, нагласи Андоновски.
Според податоците што ги објави министерот, за само четири месеци двојно е зголемен бројот на институции што користат електронска архива и електронски систем за управување со документи. Истовремено, преку државната платформа за интероперабилност, во ноември се реализирани 2,6 милиони трансакции, што, како што посочи, претставува значително зголемување во однос на просекот во 2024 година.
Министерот информираше и дека за 20% е зголемен бројот на институции и компании приклучени на платформата за интероперабилност, што директно влијае на намалување на административните бариери и потребата граѓаните да доставуваат документи „од шалтер на шалтер“.
„Овие бројки значат помалку хартија, помалку чекање и помалку простор за корупција. Дигиталната трансформација не ја гледаме како ИТ-проект, туку како реформа насочена кон граѓаните – со јасни, следливи и фер процедури“, порача Андоновски, додавајќи дека обврска на системот е да му служи на граѓанинот брзо, разбирливо и еднакво за сите.
Министерството за дигитална трансформација останува посветено принципот „граѓаните на прво место“ да стане стандард на функционирање на државата, преку конкретни и мерливи резултати, велат од таму.
Македонија
Директорот на Царина од Брисел: Македонија чекор поблиску до ЕУ, потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија
На највисоко ниво и во присуство на еврокомесарот за проширување Марта Кос, денеска во седиштето на Европската комисија во Брисел, директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Националната царинска агенција на Република Бугарија, Георги Димов, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се овозможува електронска размена на податоци. Целта е забрзување на легалната трговија и спречување на обиди за царинска измама, со што директно ќе се придонесе за зајакнување на конкурентноста на македонската економија на пазарот во ЕУ.
Николовски вели дека со овој чекор Царинската управа јасно ги покажува силните заложби на институцијата за забрзување на интеграцијата на нашата држава во ЕУ.
„На овој начин го трасираме патот напред, при што нашата интенција е забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Од ЕУ имаме силна поддршка, за што доказ е и денешниот настан“, истакна Николовски од Брисел.
На потпишувањето беа присутни директорите на Царинските управи од земјите од Западен Балкан и ЕУ, како и директорите на ЦЕФТА и Транспортна заедница.
Македонија
Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, тоа што Кузеска го нарекува бомба е петарда која и пукна во рака.
Не е јасно, велат од партијата на власт, како по којзнае кој пат некој од СДС ја пушта низ вода, да излетува со недоволно проверени информации.
„Да го тргнеме настрана фактот дека јавните набавки се јавни и транспаренти и другиот факт дека Кузеска не го разбира ИТ светот, туку Кузеска обвинува за сомнителни тендери со фирма на која власта на СДС и ДУИ им делеле тендери и грантови од Фондот за иновации.
Така фирмата СИГМОИД која не постои две години, туку многу повеќе само го сменила името од ДОО во ДООЕЛ во 2019 година добила грант од ФИТР од над 1,4 милиони денари.
Потоа повторно добила грант од ФИТР и во 2020 година од над 25 илјади денари.
Згора на тоа, фирмата добивала и тендери на кои се склучувале анекси со АЕК во 2021 година кога на власт беа СДС и ДУИ од скоро 700 илјади денари на кој потоа склучувале анекси.
Потоа тендер од Агенција за пошти предводено од СДС и ДУИ во 2020 од над 120 илјади денари, од ТИРЗ во 2021 од 720 илјади денари, повторно Агенција за пошти во 2021, од Државен завод за ревизија во 2022 над 600 илјади денари, од Агенција за супервизија на осигурување во 2022, и така натаму се до пред паѓање од власт во 2024 кога со АЕК склучиле два тендери од над 2,3 милиони денари. Еден куп тендери во времето на СДС“.
Воедно, истакнуваат од партијата на Мицкоски, очекувале дека Кузеска ќе го пофали новото раководство составено од Заев, но очигледно според нив, нема што да се пофали.
„Нека не се секира Кузеска, одговорност има и ќе има, ама за сите криминали на Венко и Заев“.

