Македонија
Арсовска седна во градоначалничката фотелја

Данела Арсовска од денеска и официјално е градоначалничка на Скопје и прва жена што ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на Македонија.
На локалните избори Арсовска како независен кандидат, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, победи со 28.130 гласа предност пред досегашниот градоначалник Петре Шилегов.
Шилегов со букет цвеќе ја пречека новата градоначалничка и ѝ посака успешна работа во претстојниот мандат.
По победата, Арсовска најави дека посветено ќе работи уште од првиот ден на функцијата за да го трансформира Скопје во, како што рече, зелен, чист, убав и модерен град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) ДУИ: Изет Меџити бега од оставка, Чаир ќе каже „не“ на измамите на 19 октомври

На денешната прес-конференција на Демократската унија за интеграција, предводена од Имране Велиу, беше упатена остра и јасна порака до кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити.
„Граѓаните и целата јавност гледаат една очигледна вистина, Изет Меџити сè уште не се осмелува да поднесе оставка од функцијата заменик-претседател на Владата и министер за екологија. Овој негов став е доказ за стравот од катастрофалниот пораз што го очекува на 19 октомври,“ порача Велиу.
ДУИ остро „го предизвикува Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори рамноправно, без привилегии на власта и без злоупотреба на државни ресурси“.
„Ако е толку сигурен во својата победа, нека им покаже на жителите на Чаир дека има достоинство и храброст. Но сите знаеме, тој е зависен од власта, а не од слободната волја на граѓаните“, истакна Велиу.
ДУИ потсети дека „жителите на Чаир не ги заборавиле двете децении на неисполнети ветувања, нефункционална инфраструктура, деградација на урбаниот простор и недостиг на инвестиции“.
„Чаир остана заложник на лични и клановски интереси. Две децении граѓаните беа третирани само како бројки за гласови, додека општината назадуваше“, се нагласува во пораката.
ДУИ уверува дека на 19 октомври граѓаните ќе испратат историска порака: „Крај на измамите, крај на злоупотребите, крај на вечната власт на Изет Меџити!“
„Чаир заслужува ново лидерство, визионерски пристап, чесна администрација и модерна општина во служба на граѓаните, а не на кариерата на еден поединец и неговото тесно семејно окружување“, рече Велиу.
Македонија
17 години стар европски бизон угина во Зоолошката градина Скопје

Зоолошката градина Скопје извести дека утрово угинал 17 години стар европски бизон.
„Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина. Животниот век на овие животни е од 14 до 20 години.
Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина.
Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на нашиот тим ветеринари и неговите негуватели.
Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме“, велат од Зоолошката градина Скопје.
Македонија
Николоски: Воена болница добива нов лик, ќе добиеме најмодерна бoлница во држвата

Лекарите ќе добијат подобри услови за работа, а пациентите една од најмодерните болници во државата. Со инвестиција од 12 милиони евра целосно се реконструира болницата, истакна потпретседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Воената болница заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Азир Алиу.
„Ова е проект кој го работиме во рамки на концесијата која што ја има ТАВ за двата аеродроми, скопскиот и охридскиот. Дел од средствата се користат за општествено корисни проекти и 12 милиони евра ќе бидат потрошени за целосна реконструкција на хирушкиот блок, на блокот за патологија, биохемија и целосно опремување по најморедни стандарди.
Она што е многу значајно е дека докторите ќе добијат добри услови за работа, а пациентите ќе добијат најмодерна болница во целата држава. Драго ми е што во една соработка со ТАВ ова успеваме да го реализираме и се надевам дека ќе имаме други општествено корисни проекти“, изјави потпретседателот на Владата, Александар Николоски.