Македонија
Мицевски го повика Реџепи да не се откажува од иницијативата за гласање недоверба

Откога во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за недоверба на Владата, хибридниот режим на власта почна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство, обвини на социјалните мрежи Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во порака што му ја упатува директно на пратеникот од Алтернативата, Скендер Реџепи.
Потсетување, Скендер Реџепи-Зејди во текот на вчерашниот ден појасни дека се залага за уривање на власта, но е дециден дека тоа нема да го стори по цена неговиот потпис да биде на список на кој се наоѓаат потписите на пратениците од Левицата.
„Колега Скендер Реџепи, да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и во согласност со член 92 од Уставот изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање недоверба на Владата на хибридниот режим СДСМ – ДУИ“, наведува Мицевски во објавата на „Фејсбук“, во која изразува надеж дека Реџепи ќе застане заедно со мнозинството пратеници.
Според претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, во овој случај не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање е дали, како што вели, ќе продолжат криминалот и корупцијата или ќе се реформира заедничката татковина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).