Македонија
Нови 677 случаи на коронавирус, починаа 13 лица
Во последните 24 часа направени се 3.317 тестирање, а регистрирани се 677 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 279, Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30, Кавадарци – 28, Велес – 25, Кочани – 22, Делчево – 21, Тетово – 18, Гевгелија – 13, Крива Паланка и Радовиш – по 12, Ресен и Берово – по 10, Демир Хисар – 9, Кичево и Неготино – по 8, Гостивар и Кратово – по 7,Штип – 6, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Охрид, Валандово ,Богданци и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2,Струмица – 1.
Регистрирани сe 517 оздравени пациент од: Скопје – 237, Куманово – 36, Прилеп – 30, Битола – 21, Велес – 20, Штип – 18, Тетово и Охрид – по 17, Кочани – 16, Кавадарци – 15, Берово – 14, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 9, Кичево – 8, Радовиш и Неготино – по 7, Струмица – 6, Валандово – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Виница, Пробиштип, Струга и Македонска Каменица – по 3, Демир Хисар – 2, Делчево ,Гостивар и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје (61 г, 70 г, 74 г, 80г и 86 г), и по едно починато лице од Кочани (83 г), Битола (79 г), Куманово (76 г), Прилеп (87 г), Велес (77 г), Пробиштип (73 г), Демир Хисар (47 г) и Кавадарци (66 г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Направени се 3.317 тест преку: ИЈЗ-341, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-38,
ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–7, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-132, Биотек-314, Систина-69, лабораторија Лаор-110, Синлаб-17, Ремедика-22, Плодност–74, Генеа-6, Никоб лаб-283, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-40, Ројал Медика –11, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.436.
Досега во земјата се направени вкупно 1.412.395 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, на починати е 7.255, а бројот на активни случаи изнесува 8.006.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови
Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 90497, активни 3728
Куманово 12532, активни 399
Тетово 11149, активни 196
Прилеп 9724, активни 380
Гостивар 8029, активни 39
Битола 7869, активни 548
Велес 6992, активни 357
Кавадарци 6532, активни 341
Штип 6334, активни 238
Охрид 6228, активни 200
Струмица 5943, активни 95
Кичево 4168, активни 113
Струга 3857, активни 48
Кочани 3725, активни 224
Гевгелија 2637, активни 125
Неготино 2454, активни 84
Свети Николе 2055, активни 86
Крива Паланка 1747, активни 164
Радовиш 1644, активни 67
Ресен 1624, активни 66
Дебар 1453, активни 3
Берово 1301, активни 56
Делчево 1236, активни 96
Виница 1109, активни 37
Пробиштип 1073, активни 70
Валандово 871, активни 22
Кратово 686, активни 48
Богданци 604, активни 25
Крушево 564, активни 26
Демир Хисар 527, активни 60
Македонски Брод 482, активни 7
Демир Капија 410, активни 1
Македонска Каменица , активни 48
Пехчево 325, активни 3
Дојран 152, активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Мора да има контрола на податоците од „Сејф сити“
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање потенцираше дека СДСМ не е против системот „Сејф сити“ од аспект на безбедноста, туку во сегашното решение постојат други сериозни и суштински прашања кои мора да се прецизираат .
„Еден таков закон кој се однесува на проектот „Сејф сити“ во којшто се регулира еден дел од сообраќајот, со којшто се намалува ризикот од несреќи, сообраќајќи , апсолутно во тој дел го поддржуваме. Меѓутоа, има важни работи за коишто треба да се зборува“, рече Филипче.
Во тој контекст, Филипче укажа дека треба да се има предвид економската состојба и стандардот на граѓаните, но и начинот на кој ќе се располага со податоците од граѓаните.
„Во сегашниот контекст, тоа е економската состојба во државата, стандардот на граѓаните, мора да се зборува за висината на казните. И второ, исто важна работа, што и кој ги контролира огромната количина на податоци коишто системот ‘Safe City’ ги собира“, рече Филипче.
Притоа, Филипче рече дека ВМРО-ДПМНЕ има историја во злоупотреба на податоци и службите за безбедност и затоа е важно да има дискусија во Собранието за овие прашања.
„Станува збор за влада на ВМРО-ДПМНЕ, која има историја на злоупотреба на служби за безбедност, пратење и прислушкување на огромен број на граѓани. Не сме комотни да туку така тој дел помине без дискусија. Се сомневаме дека можат тие податоци да ги злоупотребуваат за нивни тесни, партиски цели. Така што, ќе се дебатира во Собранието за овие две работи“, посочи Филипче.
Македонија
Поради дефект без парно делови од Центар, Аеродром и Кисела Вода
Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, соопшти ЕСМ.
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.
Македонија
Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција
Скандалот во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега ја разоткрива длабоката системска корупција и злоупотреба во институцијата која треба да им служи на најранливите. Социјални пензии добивале лица кои што воопшто не исполнуваат услови за тоа, додека лица на кои што им е од суштинска важност да добијат социјална пензија или надоместок за туѓа нега се одбивани, велат од Левица.
„Според досега изнесените податоци неколку вработени во Центарот, меѓу кои и еден раководител исплаќале социјални пензии, туѓа нега и други социјални надоместоци и тоа ретроактивно, на лица кои не исполнувале услови за тоа, со што го оштетиле Буџетот за неколку стотици илјади евра.
Дополнително загрижува фактот што, и покрај тоа што Јавното обвинителство покренало постапка против овиелица, по признание на вина за несовесно работење во службата тие биле задолжени да платат по 18.000 денари по што продолжиле со работа во Центарот за социјални работи во Тетово. Ова испраќа опасна порака дека злоупотребата на јавните пари и газењето на социјалната правда поминуваат без реални последици.
Јавно прашуваме зошто Министерството за социјална политика и министерот Лимани молчат за овој скандал?
Исто така прашуваме како е можно лица кои самите признале дека несовесно работеле и го оштетиле буџетот да бидат сѐ уште вработени во Центарот?
Кого штити Министерството и дали Владата на ДПМНЕ знae воопшто на кои и на колку лица неосновано им биле испраќани социјални надоместоци?
Ова е уште еден доказ дека државата за некого е мајка, за некого маќеа!“, се вели во соопштението на политичката партија.

