Македонија
(Видео) Милошоски: Заев се изгреба за уште ден-два на власт
Зоран Заев со вчерашната изјава дека нема да поднесе оставка и дека ја поместува на неопределено време, односно оти тој сакал, но централниот одбор на СДСМ не му дозволил, уште еднаш докажа дека е најголемиот лажго во македонската политика, обвини денеска Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев е најголемиот манипулант на Балканот и најголемиот аболиран политичар кој се гребе за уште еден, два или три дена на власт за да си покрие некоја од своите злоупотреби“, посочи Милошоски.
Тој нагласи дека Заев ќе види што ќе се случува во Собранието уште во текот на утрешниот ден кога на Владата, која е во оставка, како што рече, ќе ѝ биде изгласана недоверба.
„Затоа, им порачуваме на Заев, премиерот во заминување, и на неговите најблиски соработници, Филипче и Оливер Спасовски, да се спремат за мирна транзиција на власта и за испорачување на недовербата на Владата и формирање ново собраниско мнозинство и нова влада, која ќе нуди решенија за проблемите што тие ги создадоа“, изјави претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно порача дека доаѓа време за одговорност за сите злоупотреби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

