Црна хроника
Во Скопје казнети 107 возачи, 32 за брзо возење

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (19 ноември) спровела засилена акциска контрола на територијата на Скопје.
Како што информираат од МВР, притоа изречени биле вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила нa затворен семафор, една за возење под дејство на алкохол, две за користење на мобилен телефон, две мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…
Од ресорното министерство нагласуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во текот на викендот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Масовна тепачка во Трубарево: полицијата приведе седум лица

Вчера во 20:35 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што А.Р.(39), А.Р.(36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети, а потоа заедно со останатите лица агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пожар во куќа во изградба во Скопје: нема повредени

Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на 55-годишниот М.Ц. од Скопје.
Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Повредени лица нема. Бил извршен увид.
Црна хроника
Скопјанец се повредил додека работел во приватна фирма во Визбегово: пренесен е во болница

Вчера околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 57-годишниот И.М. од Скопје.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село Визбегово, скопско.
Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.