Македонија
Народен правобранител: Да се стори сѐ децата што полесно да минат низ периодот на пандемијата

20 ноември, се одбележува како Светски ден на детето и ден на Конвенцијата за правата на детето и е ден кога сите ние ги сублимираме нашите заложби, напори, иницијативи, преземени дејствија, за утврдување на статусот на детето во училиштето, во семејстсвото и воопшто во општеството, посебно од аспект на почитувањето на децата како индивидуи со свои ставови и гледишта за сите битни прашања, посебно за прашањата кои се однесуваат на нив, се наведува во соопштение од канцеларијата на Народниот правобранител.
„Почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за секое демократско, напредно и развиено општество нема поважна работа од создавање на здрави, образовани, вредни, толерантни поколенија подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот и модерното време.
Повеќе од една година, децата, не само кај нас туку низ целиот свет се соочуваат со поинаков начин на живот во сите сегменти, вклучувајќи го и образовниот процес. Физичката дистанца, онлајн наставата влијаеа и се уште влијаат врз децата, оосбено врз нивното ментално здаравје и социјализацијата, како битен сегмент во нивниот психолоши развој. Во таа насока сите чинители се должни да сторат сѐ што е во нивна моќ и да им помогнат на децата што полесно/побезболно да го поминат овој период, без тој да остави трајни последици врз нив.
Свесни сме дека за хармоничен развој на личноста на секое дете, треба да создадеме услови тоа да расте во здрава семејна средина, во пријатна атмосфера исполнета со среќа, љубов и разбирање. Токму затоа децата треба и мора да ги третираме како рамноправни на нас возрасните, како активни субјекти и носители на права и обврски. Должни сме да го слушнеме и почитуваме нивото мислење, посебно кога станува збор за прашања кои го засегаат нивниот интерес.
Сите имаме обврска да придонесеме за нивен правилен психофизички развој, да ги воспитаме и образуваме во духот на толеранцијата и прифаќање на различностите, да ги научиме како да одбегнуваат конфликтни ситуации и да го изберат дијалогот како начин на решавање на проблемите, со што ќе придонесеме детето да биде подготвено да живее во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправно и солидарно со другите“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Горан Минчев со граѓаните на Тетово: „Локалната промена почнува со Вас“

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Горан Минчев, во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“, одржа средба со граѓаните, членовите и симпатизерите во Тетово.
Минчев порача дека Тетово заслужува транспарентно и ефикасно управување, развој на инфраструктурата и враќање на довербата во локалната власт.
„Граѓаните се нашите партнери – заедно ќе изградиме програма што одговара на вистинските потреби на Тетово. Време е општините да престанат да бидат партиски плен и конечно да почнат да работат за граѓаните“, изјави Минчев.
Тој истакна дека ЗНАМ нуди луѓе со знаење и интегритет, а не политички експерименти, и најави дека дијалогот со граѓаните ќе продолжи низ цела Македонија.