Македонија
389 нови случаи на Ковид-19 и 18 починати, меѓу кои и лице на 35 години
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.633 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 179, Битола – 33, Штип – 25, Куманово – 20, Прилеп – 17, Охрид – 15, Кавадарци и Струмица по 14, Кочани и Гевгелија по 11, Струга – 7, Тетово и Велес по 6, Неготино и Демир Хисар по 4, Кичево, Свети Николе, Ресен и Делчево по 3, Крива Паланка, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово по 2 и еден заразен во Демир Капија.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се и 18 починати лица – седуммина од Скопје (92, 90, 88, 76, 72, 70 и 35 години), по две починати лица од Валандово (70 и 64 години), Кавадарци (74 и 71 година), Крива Паланка (88 и 78 години) и по едно починато лице од Куманово (62), Струмица (78), Свети Николе (86), Велес (66) и Тетово (49). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
„Во однос на 35-годишното починато лице од Скопје, истото е со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство, а 49-годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, пациентката била на антикоагулантна терапија“, се наведува во извештајот на Министерството за здравство.
Во него исто така се додава дека во Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, не се пријавени дополнителни починати лица.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe и 317 оздравени пациенти од: Скопје – 126, Прилеп – 42, Струмица – 26, Битола – 23, Куманово и Кочани по 21, Неготино – 8, Пробиштип – 7, Кавадарци и Дебар по 6, Охрид, Демир Хисар, Делчево, Виница и Пехчево по 3, Валандово и Богданци по 2 и по еден оздравен од Тетово, Кичево и Крива Паланка.
Направените 2.633 тестови се преку: ИЈЗ-178, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-80, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–27, ЦЈЗ Куманово-47, Институт за микробиологија–295, Жан Митрев (Филип Втори)-51, Авицена-96, Биотек-172, Систина-33, лабораторија Лаор-139, Синлаб-3, Плодност–43, Генеа-8, Никоб лаб-181, ВФВ Медикал-29, Ели Медика-25, Ројал Медика–14, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.115.
Досега во земјата се направени вкупно 1.449.036 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 212.220, бројот на оздравени пациенти е 196.249, на починати е 7.436, а бројот на активни случаи изнесува 8.535.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

