Забава
Новиот филм на Кристофер Нолан би можел да биде последен од ваков вид

Амбициозните проекти на култниот режисер Кристофер Нолан честопати изгледаа како прецизно осмислени и одлично режирани, но исклучително скапи проекти, кои понекогаш се граничеа со уметничка мегаломанија, а во исто време постигнуваа огромен успех на киноблагајните.
Неговиот следен филм, историска драма за т.н. уништувач на светови, физичарот Џ. Роберт Опенхајмер, и создавањето на атомската бомба, барем на хартија, не изгледа како блокбастер со астрономски буџет, чија примарна цел е да ја донесе публиката во киносалите и да заработи стотици милиони долари.
Сепак, ќе мора да стане таков бидејќи и покрај големите имиња, овој тип на филм станува загрозен вид, како што го нарече „Вараети“.
Кога 100 милиони не се 100 милиони – имено, првичниот буџет е поставен на 100 милиони долари, но на крајот би можел да чини над 200 милиони, а потоа да заработи двојно повеќе пари за да ги убеди челниците на големите студија во профитабилноста на ваквите проекти.
Вистинска реткост е некое студио да потроши повеќе од сто милиони долари на проекти, кои или не се дел од докажано успешен серијал или не изгледаат како потенцијален серијал што ќе ги врати инвестициите повеќекратно. Реално, пандемијата само неизбежно го забрза она што веќе почна да се случува – големо преместување филмови со среден буџет кон стриминг-услугите. Дури и режисерите, како Скорсезе или Финчер, беа принидени да ги остваруваат своите уметнички ескапади во склоп на „Нетфликс“.
Гледајќи го од перспектива на самите студија, правењето скапи филмови, кои тешко враќаат или воопшто не враќаат, едноставно не е исплатливо.
Потегот на „Јуниверзал пикчрс“ е извонредно храбар бидејќи се потпира на надежта дека добар режисер и добар проект сепак може да ја доведат публиката во киносала за да гледа нешто без суперхерои.
Килијан Марфи ќе го толкува главниот лик, таткото на атомската бомба, во „Опенхајмер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Безос и Санчез сакаат Елтон Џон и Лејди Гага да пеат на нивната свадба

Свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез е за нешто повеќе од еден месец. Дел од списокот на гости за овој гламурозен настан претходно се појави, а ако треба да се верува на извештаите, познато е и кој ќе биде задолжен за музичката придружба.
Имено, според „Дејли меил“, Санчез и Безос ги ангажирале Елтон Џон и Лејди Гага за нивната свадба.
„Лорен сакаше некој со исклучителен талент да им пее, едноставно не можете подобро од Гага и Елтон“, изјави извор близок до двојката.
„Исто така, помага што Гага и Елтон се добри пријатели и со задоволство ќе пеат заедно, што е супер. Ќе биде како мини одмор за најдобрите пријатели“, додаде изворот.
Сè уште не е познато кои песни ќе ги изведат, но наводно станува збор за неколку од нивните најголеми хитови и еден дует.
Портпаролите на Лејди Гага и Елтон Џон наводно негираа дека тие ќе пеат на свадбата.
За потсетување, тридневната свадбена прослава е закажана да се одржи од 24 до 26 јуни во Венеција.
TMZ претходно откри делумен список на гости кој, судејќи според имињата на него, е исклучително гламурозен. Беа поканети само најпознатите од светот на (шоу)бизнисот, меѓу кои Ева Лонгорија, Кејти Пери, Орландо Блум, Опра Винфри, Гејл Кинг, Крис Џенер, Ким Кардашијан и Џул.
Забава
Георгина Родригез разочара со изданието на Мет Гала: „Таа целосно ја промаши темата“

Георгина Родригез беше една од многуте ѕвезди кои прошетаа по тепихот на Мет Гала, најпрестижниот моден настан во светот.
Темата на Мет Гала оваа година се фокусираше на модната историја на афроамериканските мажи од 18 век до денес. Дрес-кодот „Tailored for You“ ги замоли ѕвездите да ја реинтерпретираат машката мода.
Партнерката на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо се појави во црна креација со исечок од страна, а комбинацијата ја надополни со црни чевли и накит.
Но, модните критичари ја прогласија нејзината облека за една од најлошите од овогодинешната Мет Гала, а критиките се проширија и на социјалните мрежи.
„Георгина Родригез дури не се ни обиде“, „Таа ја промаши поентата. Очекував многу повеќе од неа“, „Не ми се допаѓа“, „Не ја разбра поентата“, „Ова ме потсетува на пижами“ и „Ова е Мет Гала, а не пижама-забава“, се некои од коментарите.
Забава
Бритни Спирс тврди дека го бакнала Бен Афлек, тој: Не знаев која е таа во тој период

Бен Афлек неодамна се појави во подкастот „This Past Weekend“ со Тео Вон. Во него, тој изјави дека порано многу му било жал за Бритни Спирс поради сè низ што таа поминувала.
„Се чинеше како луѓето да ја следеа во период кога можеби и беше навистина тешко. Не знам бидејќи не ја познавам. Но, знам како изгледа кога луѓето те вознемируваат, ти викаат и те малтретираат. Се чинеше дека самото тоа ги влошува работите“, коментираше тој.
Тој, исто така, се осврна на претходното тврдење на Бритни дека го бакнала, велејќи дека тој дури и не знаел која е таа во тоа време.
Во февруари минатата година, пејачката објави фотографија од себе со Афлек и Дајан Ворен на Инстаграм, заедно со опис дека го бакнала актерот таа вечер. „Искрено, заборавив на тоа“, напиша таа во објавата, која потоа ја избриша.