Забава
„Инстаграм“ ѝ ги избриша разголените фотографии на Мадона: „A не ви пречат машките брадавици? Чист сексизам“, одговори таа
Мадона остана без новите секси фотографии на „Инстаграм“, на кои ги покажа голите брадавици. Политиката на цензурирање на оваа социјална мрежа ја налути пејачката и таа преку долга објава им се пожали на своите фанови.
Најновите разголени фотографии на поп-кралицата (63), на кои, меѓу другото, ја покажа и својата гола брадавица, преживеаја на „Инстаграм“ само еден ден. Пејачката во средата повторно ги објави, но овој пат цензурирани и се пожали дека, според нејзино мислење, постапиле крајно неправедно од „Инстаграм“.
„Повторно ги објавувам фотографиите што ‘Инстаграм’ ми ги отстрани без предупредување или известување. Причината за отстранувањето што им ја кажале на моите менаџери, кои воопшто не управуваат со мојот профил, е тоа што ми беше откриен мал дел од брадавицата“, напиша кралицата на попот.

„Сè уште не ми се верува дека живееме во култура што дозволува да се покаже секоја педа од телото на жената, освен брадавицата. Како тоа да е единствениот дел од анатомијата на жената што може да сексуализира. Брадавица што храни бебе! Зарем машката брадавица не може да биде еротска? А што е со женскиот задник, кој никогаш никаде не е цензуриран?“, додаде таа.

„Благодарна сум што успеав да го одржам здравиот разум во четири децении цензура, сексизам и мизогинија. Ова е совршено во склад со лагите во кои бевме воспитувани – да веруваме во приказните за аџиите што мирно кршеа леб со Индијанците кога дојдоа во Плимут Рок! Господ да ја благослови Америка“, заклучува Мадона, а во коментарите многумина се согласуват со неа.
„Така е, драга Мадона. Треба да може да ги покажат своите тела“, коментира фан под објавата на Мадона, на која пејачката повторно собра повеќе од 700.000 лајка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна
Правната битка меѓу ѕвездите од „Тоа завршува со нас“ има нов епилог. Актерот и режисер Џастин Балдони ја повлече својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување.
Според Ролинг Стоун, федерален судија официјално ја заврши тужбата на Балдони. Неговиот случај првично беше отфрлен во јуни, но му беше дадена можност да ја измени и повторно да ја поднесе. Сепак, судијата Луис Лиман, кој го надгледува случајот, забележа дека Балдони и неговата компанија, „Вејфарер студиос“, не успеаја да го исполнат рокот од 17 октомври или да одговорат на судската наредба.
Додека случајот на Балдони против Лајвли сега е затворен, нејзината тужба против него за сексуално вознемирување и одмазда е сè уште активна и во тек. Балдони ја поднесе својата тужба како одговор на нејзините обвинувања.
Забава
Тамара Глоба предвидува блескав ноември за четири хороскопски знаци
Познатиот руски астролог Тамара Глоба предвидува дека ноември ќе донесе среќа и нов почеток за четири хороскопски знаци – Близнаци, Рак, Вага и Водолија.
Глоба најавува „крај на еден вознемирувачки период и почеток на посветла етапа“, со големи промени и нови можности.
Близнаци – ќе почувствуваат налет на креативна енергија, хармонија во љубовта и финансиска стабилност, но со потреба од внимателност во приватниот живот.
Рак – ќе уживаат во професионален напредок и профитабилни можности; крајот на месецот ќе бара повеќе внимание кон семејството.
Ваги – ги очекуваат нови средби, деловни понуди и лични промени; успехот ќе ги следи ако носат промислени одлуки.
Водолии – ќе имаат поддршка од блиските и пријателите, а во деловниот сегмент ќе им се отворат нови извори на приход.
Според Глоба, ноември ќе биде период на нови можности, финансиска стабилност и личен раст, но ќе бара мудрост и внимателност во одлуките.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.

