Забава
(Видео) Кралицата на рокот Тина Тарнер денес полни 82 години
Жената никогаш не е премногу стара за да биде успешна и среќна. Тоа би можело да биде животното мото на Тина Тарнер, која денес го слави својот 82. роденден.
На почетокот на годината, на „Берлинале“ премиерно беше прикажан документарен филм со едноставен наслов „Тина“. Го режираа Даниел Линдзи и Т.Џ. Мартин, дуото кое веќе освои „Оскар“ во 2011 година за спортскиот документарец „Непобедлив“.
„Тина“ се емитува на стриминг-платформата „Ејч-би-о“ од март и е првиот документарен филм кој ги овековечува сите приватни и професионални подеми и падови во животот на оваа неповторлива пејачка.

Прекрасниот глас на Тина и талентот на поранешниот сопруг Ајк за компонирање создадоа низа незаборавни хитови. И покрај големиот углед кој парот го уживаше меѓу колегите, тие не можеа да постигнат поголема популарност кај публиката. Бракот почна да се распаѓа во средината на 1970-тите. Како што растеше зависноста на Ајк од кокаин, растеше и неговата деструкција и агресивни испади. Последниот хит што го направија заедно е Nutbush City Limits посветен на родниот град на Тина.
Таа го финализираше разводот во 1978 година, по 16 години брак и ја објави својата автобиографија „Јас – Тина“, која беше претворена во сценарио за биографскиот филм What’s Love Got to Do with It („Каква врска има љубовта со тоа?“)
На 44-годишна возраст, Тина стана најстара пејачка на прво место на топ листите, а нејзиниот албум Private Dancer до денес е продаден во повеќе од 20 милиони примероци. До денес, тој останува нејзин најуспешен албум.

Денес, Тина Тарнер е апсолутно најуспешната и најдолговечната рокерка во светот. Магазинот „Ролинг стоун“ ја прогласи за една од најголемите на сите времиња. Вкупно има продадено повеќе од 200 милиони примероци на албуми, а освои уште еден неверојатен рекорд – за своите концерти продала повеќе билети од која било соло пејачка во историјата на музиката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

