Македонија
(Видео) Васев: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо
Измина веќе еден месец од одржаните локалните избори, влегуваме во вториот, а градоначалниците на Мицкоски ништо не работат, изјави Стефан Васев од СДСМ.
„Јавноста е сведок дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ единствено што излегоа во јавноста овој период е промовирање проекти од СДСМ, истите оние кои ги критикуваа, како и промоција на Христијан Мицкоски.
Беше промовиран проект на СДСМ во Гази Баба за канализација, проект на СДСМ во Аеродром за фотоволтаици, проекти на СДСМ во Кисела Вода но и во други општини.
Данела Аросвска никаде ја нема, освен што прави се против проектот за Бас рапид систем. За овој период не можеше ниту да го обележи булеварот Киро Глигоров, што го направи Петре Шилегов.
Дрско и спротивно на препораките на УНЕСКО, ВМРО-ДПМНЕ продолжија со уништување на Охрид и Охридското езеро.
Во некои општини како Ѓорче Петров и Бутел, наместо да ги расчистуваат депониите, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги трупаат депониите и создаваат нови.
Освен ова, уште во првите денови од мандатот го покажаа своето вистинско, режимско лице.
Јавноста е сведок дека во неколку општини уште во првите недели луѓе се бркаа од работа, се деградираа само затоа што не се членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.
Истовремено претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, не закажува вонредна седница на барање на советниците од СДСМ, коалицијата и ДУИ за исплата на финансиска помош за семејствата на настраданите во несреќата во Бугарија.
Овој период видовме и голо политиканство и кршење на Уставот од страна на градоначалниците на Кисела Вода и Штип.
Заклучокот е дека на почеток на мандатите, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ наместо за интересите на граѓаните и општините, работат за интересите на заменик градоначалникот Христијан Мицкоски.
Прават се, освен она за што граѓаните ги избраа“, рече Васев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

