Забава
Адел постигна редок двоен рекорд на британските топ-листи

„30“ на Адел се искачи на врвот на британската топ-листа, престигнувајќи ја „АББА“ и стана најбрзо продаваниот албум на годината досега.
Со 261.000 продадени примероци во првата недела значи дека го помина Voyage – повратниот албум на шведскиот поп-бенд – кој започна со 204.000 продадени примероци.
Сепак, бројките за продажба се значително пониски од оние на нејзиниот претходен албум „25“, објавен во 2015 година. Тој албум, нејзин трет, отвори со 800,000 продажби во првата недела, што значи дека „30“ продаде 32% од својот претходник.
Падот може делумно да се објасни со огромниот раст на стримингот во последните шест години. Дополнително на тоа, имаше поголем поттик за фановите да купат „25“, бидејќи беше исклучен од стриминг-платформите во првите шест месеци од објавувањето.
Адел го победи албумот „=“ (Equals) на Ед Ширан и го освои првото место оваа недела.
Ова значи дека таа сега има обезбедено двојна место на листата, а Easy On Me – водечкиот сингл на албумот, останува број еден шеста последователна недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ќерката на Мајкл Џексон откри дека ја раскинала свршувачката со познатиот актер: „Ова се солзи на раскин“

Парис Џексон, 27-годишната ќерка на легендарниот крал на поп-музиката, Мајкл Џексон, и американскиот актер Џастин Лонг ја раскинале свршувачката по три години врска.
Веста ја сподели самата Парис на социјалната мрежа „Икс“, каде што напиша: „Ова се солзи на раскин. Повторно сите се провлекувате“.
Инаку, пејачката во декември преку „Инстаграм“ ја објави свршувачката со Лонг, но објавата подоцна беше избришана. Во јуни, во интервју за „Аксес Холивуд“, изјави дека подготовките за свадбата се во полн ек.
„Фустанот е во изработка, местото е избрано, а датумот го одреди астролог – затоа што сум од Лос Анџелес“, рече таа.
Да потсетиме, Парис пред неколку дена беше снимена како расплакана шета сама на улиците на Малибу.
Исто така, минатиот месец беше критикувана бидејќи настапила на концерт закажан токму на денот на годишнината од смртта на татко ѝ. Во обраќање на социјалните мрежи објасни дека таа нема влијание врз распоредот на турнејата бидејќи не е главна изведувачка.
„Тоа што настапувам на тој ден не значи дека сум заборавила. Никој не треба да ми кажува како да тагувам“, порача таа тогаш.
Забава
(Видео) Трамп во кревет со сатаната: Новата епизода на South Park ја разлути Белата куќа

Култната анимирана серија South Park повторно предизвика бура во јавноста, откако фановите беа изненадени од појавата на сцена во која Доналд Трамп се појавува во кревет со сатаната.
Создателите на серијата, Треј Паркер и Мет Стоун, познати по својата безкомпромисна сатира, повторно ги поместија границите во првата епизода од 27. сезона. Епизодата започнува со навидум сериозна приказна за вториот мандат на Трамп и неговиот трговски конфликт со канадскиот премиер Марк Карни. Но, набрзо следи класичен пресврт карактеристичен за South Park.
Во сцена што стана вирална, Трамп завршува во кревет со сатаната.
Контроверзијата кулминира кога Трамп се обидува да го заведе сатаната, при што се открива исклучително мал пенис.
Иако продукцијата на епизодата наводно чинела 30 милиони долари, не е изненадување колку внимание е посветено на деталите. Оваа сума не ги вклучува можните судски трошоци, бидејќи Белата куќа остро реагираше.
Портпаролот Тејлор Роџерс изјави: „Оваа емисија одамна не е релевантна и се држи до неинспиративни идеи во очаен обид да привлече внимание.“
Но, Паркер и Стоун не се загрижени. На неодамнешниот Comic-Con тие јасно ставија до знаење дека немаат намера да попуштат под притисок.
Естрада
Тимберлејк откри дека боледува од лајмска болест: „Животот со ова е немилосрдeн“

Џастин Тимберлејк ја сподели со јавноста веста за својата здравствена состојба, откривајќи дека му била дијагностицирана лајмска болест. По две години поминати на светска турнеја, тој одлучил отворено да зборува за проблемите со кои се соочува.
Иако е познат по тоа што ја чува својата приватност, Тимберлејк почувствувал потреба да им открие на обожавателите „малку за тоа што се случува“ со него.
„Како што многумина од вас знаат, јас сум прилично приватна личност. Но додека размислувам за турнејата, сакам да ви кажам малку за тоа што ми се случува“, напиша тој на Инстаграм.
„Меѓу другото, се борев со одредени здравствени проблеми и ми беше дијагностицирана лајмска болест – не го велам ова за да предизвикам сожалување, туку за да осветлам низ што поминував зад сцената. Ако некогаш сте се соочиле со оваа болест или познавате некој што има, тогаш знаете: животот со неа може да биде безмилосно исцрпувачки – и психички и физички.“
Тој додаде: „Кога првпат ја добив дијагнозата, бев навистина шокиран. Но барем добив објаснување зошто на сцена чувствував силна нервна болка или само огромен замор и слабост.“
Пејачот се нашол пред тешка одлука – да ја прекине турнејата или да продолжи и покрај сè. „Одлучив дека радоста што ми ја носи настапот далеку ја надминува привремената болка и стрес што го чувствуваше моето тело. Многу ми е мило што продолжив“, изјави тој.
Тимберлејк рече дека долго време се двоумел дали да зборува јавно за своите здравствени проблеми, но сега „се обидува да биде потранспарентен за борбите, за тие да не бидат погрешно сфатени“.
„Го споделувам сето ова со надеж дека сите ќе најдеме начин да бидеме поврзани едни со други“, порача тој. „Сакам и јас да придонесам и да им помогнам на оние што исто така се борат со оваа болест.“
Тимберлејк не е единствена славна личност што се бори со оваа болест – манекенката Бела Хадид исто така јавно говореше за своето искуство. Според клиниката Мајо, лајмската болест ја предизвикува бактеријата борелија, а луѓето најчесто се заразуваат преку каснување од заразен крлеж.
Болеста е најзастапена во североисточните, средноатлантските и горните делови на Средниот Запад во САД, но се пријавени и многу случаи во Европа и некои делови на Канада. Ризикот од зараза е најголем во тревни, грмушести и шумски предели, поради што се препорачува претпазливост при престој во природа.