Македонија
(Видео) Стоилковски: МВР има план со кој се подготвува за долга и тешка енергетска криза
Ова е документ со кој МВР веќе две недели се подготвува за долга и тешка енергетска и економска кризна состојба, посочи на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Блокирање патни правци и делници; воспоставување нов режим на движење; блокада на простор; воспоставување контролни пунктови; пребарување и претрес на терен; следење на социјалните мрежи…“, се дел од мерките што ги наброи партискиот портпарол, а како што рече, планот на мерки и активности јасно укажува на недостиг на електрична енергија и пораст на цената на електричната енергија, проследено со реални безбедносни предизвици, кои може да рефлектираат и економски, социјални и безбедносни појави со негативни последици.
„Планот што го држам во раката јасно укажува колкава е вистинската енергетската криза, дека состојбата е катастрофална и дека СДСМ и ДУИ немаат стратегија за излез од неа. Напротив, овој план укажува на драматични долгорочни состојби со вознемиреност кај граѓаните и план што предвидува нарушувања на јавниот ред и мир.
Јасно е дека ова е план што нема да заврши на 9 декември кога истекува кризната состојба во Македонија воведена поради енергетската криза. Бидејќи таа очигледно нема да заврши“, посочи Столковски, според кого власта се подготвува за долги рестрикции на струја, односно, како што истакна, власта крие дека не се предвидени рестриктивни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

