Забава
Меси се закити со уште една „Златна топка“, сопругата Антонела го привлече вниманието
Аргентинецот Лионел Меси на доделувањето на „Златната топка“ дојде во придружба на семејството, кое ретко може да се види во јавноста.
Неговата сопруга Антонела се појави во златен фустан, кој ја откри тетоважата круна на десната рака. Со нив беа трите сина, кои ја воодушевија публиката, облечени во исти сакоа како нивниот славен татко.

Фотографии на семејството од синоќешната церемонија во Париз бргу ги преплавија социјалните мрежи. „Тие се облечени така што на сите им е јасно кој ќе ја освои ‘Златната топка’“, твитнаа фановите.
„Кралот Меси и кралицата Антонела“, напишаа други споделувајќи фотографија од синоќешната церемонија.

Повеќето коментари беа за поубавата половина на Меси, која се чини дека беше ѕвезда на вечерта.
„Видете ја Антонела! Таа не е облечена како некој што ќе биде втор… таа дојде за да победи“.

Антонела и Меси се запознале кога тој имал само пет години и наводно се забавувале во средно училиште. Се шпекулира дека на девет години Лео сакал таа да му стане сопруга и често ѝ пишувал љубовни писма.
Антонела студирала стоматологија, но прекинала за да се запише на студии за комуникација. На крајот се откажала од тоа и станала модел. Ретко се појавува во јавност и постојано одбива интервјуа. Таа не е активна на „Фејсбук“ и на „Твитер“, а на „Инстаграм“ повремено објавува фотографии со сопругот и синовите.
Првиот син Тијаго го добија во 2012 година, а Матео се роди три години подоцна. Во 2018 година го добија и третиот син Чиро. Се венчаа во 2017 година во родното Росарио, Аргентина, далеку од очите на јавноста.

Лионел Меси синоќа седми пат беше прогласен за најдобар фудбалер на светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна
Правната битка меѓу ѕвездите од „Тоа завршува со нас“ има нов епилог. Актерот и режисер Џастин Балдони ја повлече својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување.
Според Ролинг Стоун, федерален судија официјално ја заврши тужбата на Балдони. Неговиот случај првично беше отфрлен во јуни, но му беше дадена можност да ја измени и повторно да ја поднесе. Сепак, судијата Луис Лиман, кој го надгледува случајот, забележа дека Балдони и неговата компанија, „Вејфарер студиос“, не успеаја да го исполнат рокот од 17 октомври или да одговорат на судската наредба.
Додека случајот на Балдони против Лајвли сега е затворен, нејзината тужба против него за сексуално вознемирување и одмазда е сè уште активна и во тек. Балдони ја поднесе својата тужба како одговор на нејзините обвинувања.
Забава
Тамара Глоба предвидува блескав ноември за четири хороскопски знаци
Познатиот руски астролог Тамара Глоба предвидува дека ноември ќе донесе среќа и нов почеток за четири хороскопски знаци – Близнаци, Рак, Вага и Водолија.
Глоба најавува „крај на еден вознемирувачки период и почеток на посветла етапа“, со големи промени и нови можности.
Близнаци – ќе почувствуваат налет на креативна енергија, хармонија во љубовта и финансиска стабилност, но со потреба од внимателност во приватниот живот.
Рак – ќе уживаат во професионален напредок и профитабилни можности; крајот на месецот ќе бара повеќе внимание кон семејството.
Ваги – ги очекуваат нови средби, деловни понуди и лични промени; успехот ќе ги следи ако носат промислени одлуки.
Водолии – ќе имаат поддршка од блиските и пријателите, а во деловниот сегмент ќе им се отворат нови извори на приход.
Според Глоба, ноември ќе биде период на нови можности, финансиска стабилност и личен раст, но ќе бара мудрост и внимателност во одлуките.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.

