Забава
Во британските весници имало 843 написи за Меган Маркл во период од две години
Принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, ја шокираа јавноста кога на 8 јануари објавија дека ја напуштаат функцијата високи членови на кралското семејство.
Една од најзначајните промени што парот ги прави е да им ограничи пристап на група британски медиуми до личните соопштенија за печат по долгогодишно медиумско покривање и уредничка политика со фаворизам за која парот смета дека била неправедна и која имала цел да шири јавно мислење против Меган.
Од објавата, новинари открија некои од најподлите и најосудувачки наслови на британски медиуми за Меган и ги споредија со она што истите медиуми – понекогаш дури и истите автори – мислат за слични ситуации кога била вмешана војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам.
И покрај нејзиното отсуство, Меган сè уште е најозборуваната кралска личност во Велика Британија. Се чини дека таа е главниот лик во сечиј разговор.

Според анализата на „Гардијан“, во периодот меѓу 2018 и 2020 година имало 843 написи за Меган во 14 печатени весници, а со нејзиното неодамнешно интервју за „Шоуто на Елен Деџенерес“, има уште повеќе да се каже за војвотката од Сасекс.
Шпекулации, озборувања, омраза, булинг, расизам… таа се соочи со сето ова. Нападот врз нејзиниот лик, нејзиното семејство и нејзината боја стана главна вест на големите британски публикации и на социјалните мрежи.
Откако се стекна со кралски статус, Меган беше изложена на екстремен булинг од страна на печатот, кој себе си дава слобода да известува за јавни личности.
И како што еднаш праша еден човек: „Слобода за што? Слободата на печатот има за цел да ги повика на одговорност оние кои се на власт. Тоа е платформа за да се слушнат различни гласови. Меѓутоа, како оваа слобода се поврзува со нападот против Меган Маркл?“
„Дали е слободата да малтретираш? Дали е слобода да се објавуваат приватни писма во јавност? Дали е слобода да се споредува женско дете со животно – со мајмун? Дали е слобода да ја избркаш од земјата? Дали е слобода да ја обвинувате за одлуката да се повлече од кралските должности?“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна
Правната битка меѓу ѕвездите од „Тоа завршува со нас“ има нов епилог. Актерот и режисер Џастин Балдони ја повлече својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување.
Според Ролинг Стоун, федерален судија официјално ја заврши тужбата на Балдони. Неговиот случај првично беше отфрлен во јуни, но му беше дадена можност да ја измени и повторно да ја поднесе. Сепак, судијата Луис Лиман, кој го надгледува случајот, забележа дека Балдони и неговата компанија, „Вејфарер студиос“, не успеаја да го исполнат рокот од 17 октомври или да одговорат на судската наредба.
Додека случајот на Балдони против Лајвли сега е затворен, нејзината тужба против него за сексуално вознемирување и одмазда е сè уште активна и во тек. Балдони ја поднесе својата тужба како одговор на нејзините обвинувања.
Забава
Тамара Глоба предвидува блескав ноември за четири хороскопски знаци
Познатиот руски астролог Тамара Глоба предвидува дека ноември ќе донесе среќа и нов почеток за четири хороскопски знаци – Близнаци, Рак, Вага и Водолија.
Глоба најавува „крај на еден вознемирувачки период и почеток на посветла етапа“, со големи промени и нови можности.
Близнаци – ќе почувствуваат налет на креативна енергија, хармонија во љубовта и финансиска стабилност, но со потреба од внимателност во приватниот живот.
Рак – ќе уживаат во професионален напредок и профитабилни можности; крајот на месецот ќе бара повеќе внимание кон семејството.
Ваги – ги очекуваат нови средби, деловни понуди и лични промени; успехот ќе ги следи ако носат промислени одлуки.
Водолии – ќе имаат поддршка од блиските и пријателите, а во деловниот сегмент ќе им се отворат нови извори на приход.
Според Глоба, ноември ќе биде период на нови можности, финансиска стабилност и личен раст, но ќе бара мудрост и внимателност во одлуките.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.

