Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја сокрива вистината за трагедијата во која загинаа 45 граѓани

Поминаа 11 дена од сообраќајна несреќа во Бугарија, а криминалната и неспособна власт СДСМ – ДУИ молчат и ја прикриваат вистината за оваа голема трагедија во која загинаа 45 луѓе,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија додека Властите во Бугарија веќе ги соопштија првичните информации од истрагата,во Македонија наместо истрага, си ја префрлаат одговорноста од една на друга.
Како што пренесуваат бугарските истражители, автобусот кој без лиценца оваа година ја поминал македонската граница над 130 пати бил стар и репариран во Турција и дека целата опрема му е замената, а не се знае кои делови му се фабрички – оригинални, а кои не.
Од партијата додаваат дека Власта молчи и не одговара дали е вистина дека автобусот фабрички бил наменет и регистриран за превоз на 49 патници, а потоа е зголемен капацитетот на 54 седишта. Нема одговори и за тоа кој ја има извршено хомологацијата – атестот на возилото и дали поради оваа промена автобусот не можел да добие лиценца за меѓународен транспорт?
Целосен молк и од Спасовски и МВР, после признанието на директорот на Инспекторатот за транспорт, Хусеини автобусот на Беса транс не бил регистриран, а вршел меѓународен транспорт и поминувал граница.
Јавноста не доби одговор на прашањето дали и колку пати досега МВР пријавила преку службени белешки до Инспекторатот за транспорт за недостатоците на автобусите на Беса Транс, а од страна на инспекторатот не било ништо преземено односно не бил направен вонреден инспекциски надзор на Беса Транс, се вели понатаму во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ целата вина и одговорност лежи во институциите преводени од криминалната коалиција СДСМ-ДУИ по што одговорност за оваа трагедија мора да има.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје – Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

На 12 јуни, со почеток во 18:00 часот, на кејот пред болницата Acibadem Sistina, беше успешно одржано првото издание на Croatia Osiguruvanje Business Run 5K – нов и енергичен тим-билдинг настан во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до Врв“.
Ова претставува најмасовниот корпоративен спортски настан во Македонија, кој собра повеќе од 45 компании од најразлични индустрии: финансии, ИТ, телекомуникации, фармација, логистика, производство, јавни институции, дипломатски мисии и невладини организации. Трката се одвиваше по патека од 5 километри покрај реката Вардар, каде учесниците уживаа во спортска атмосфера исполнета со тимски дух, забава и позитивна енергија.
Настанот е дел од Adria Corporate Run League, регионална иницијатива што ги поврзува корпоративните заедници од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Победничкиот тим од Скопје ќе ја претставува Македонија на големото регионално финале.
Во пресрет на стартот, учесниците ги поздрави г-а Катерина Јордановска Манева од Croatia Осигурување, која го истакна значењето на вложувањето во здравјето и добросостојбата на вработените. Загревањето го водеше фитнес инструкторката Ангела Јованоска Конески од Premium Sport Center.
Најбрзите три тима во трката беа:
· Халкбанк со време од 58:40 минути,
· Комерцијална банка со време од 1:00:14,
· Шпаркасе банка со време од 1:06:49.
Во индивидуалната конкуренција, титулата најбрза учесничка ѝ припадна на Снежана Димовска од Комерцијална банка со време од 22:23, додека најбрз учесник беше Мартин Дамески од Халкбанк со 17:22 минути. Целосните резултати од трката се достапни на: www.prvdovrv.mk/business5k.
По трката, сите учесници уживаа во одлична забава на отворено со бендот The Ringtones и DJ Vito, кои приредија енергичен музички настап. Атмосферата беше полна со позитивна енергија, дружење и насмевки, а учесниците се освежија и засладија со вкусен оброк и пијалаци. Вистинска after-run забава која ќе се памети!
Овој настан понуди повеќе од само трка – беше вистинска платформа за вмрежување, тимска мотивација и промоција на здрави животни навики. Со овој настан, компаниите добија уникатна можност да изградат поцврсти тимски релации, надвор од канцеларискиот контекст.
(ПР)
Соопштенија
Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација

Зошто сè уште би оделе во банка за кредит – кога целиот процес може да се заврши онлајн, без хартија, без чекање и без дополнителни трошоци? Халкбанк веќе нуди услуга која ви овозможува да подигнете потрошувачки кредит од каде било, во кое било време. Online кредитот е дизајниран за клиентите што сакаат сигурност, едноставност и услуга што се прилагодува на нивниот животен ритам.
Кредит од дома – без шалтер и без документација
За аплицирање за Online кредит, клиентот треба да биде примател на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје и да има активна електронска банкарска услуга. Дополнително, потребно е во последните шест месеци редовно да има примања на трансакциска сметка во банката. Апликацијата се поднесува со логирање на електронското или мобилното банкарство и избор на табот „онлајн производи“. Договорот се потпишува електронски, со дигитален токен преку VASCO токен (e-signature) , што овозможува сигурен, заштитен и целосно дигитален процес – без физичко присуство.
Достапност во секое време, од било каде
Аплицирањето за Online кредит е достапно 24 часа, седум дена во неделата. Клиентите можат да пристапат до услугата во кое било време, од кој било уред – без разлика дали се дома, на работа или во странство. Тоа го прави процесот не само брз, туку и крајно практичен.
Фиксна камата, без провизии, јасни услови
Износот на кредитот може да биде до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна и изнесува 6,5% за целиот период, а вкупниот годишен трошок за кредитот изнесува 6,70%. Висината на кредитот што може да се одобри зависи од месечните примања на клиентот, при што максималниот износ на месечниот ануитет не смее да надмине 40% од нивната плата или пензија. Халкбанк не наплаќа провизија за апликација, нема трошоци за обработка, ниту надомест за предвремена отплата.
Фокусот е на клиентот
Online кредитот не го менува само начинот на аплицирање, туку и целиот пристап кон банкарските услуги. Наместо да се прилагодувате вие на процедурата, процедурата е прилагодена на вас – едноставно, сигурно и во моментот кога навистина ви треба.
(ПР)
Соопштенија
„Сетек Денови“ – ДО 70 % ПОПУСТИ

Oд 9 јуни, понеделник, започнува најголемата акција на Сетек – сè од техника, најпосетуваните Сетек Денови каде попустите стигнуваат и до 70%!
„Сетек Денови“ е акција каде љубителите на најпознатите брендови, на едно место можат да видат и да одберат се што сакаат и се што им е потребно од техника, по најниски цени.
Во сите салони на Сетек низ Македонија, следува огромен избор на производи од бела техника, фрижидери, телевизори, компјутери,лаптопи, се од ИТ, мобилни, смартфони, голема палетана додатоци, мали апарати, гејминг опрема, опрема за фитнес, мали и големи апарати и многу повеќе.
Акцијата, СЕТЕК ДЕНОВИ, дава можност за многу поволности како на цените, така и на изборот на производите. Салоните во овој период стануваат зборно место за техника, а веб страната www.setec.mk најпосетуваното место за online продажба.
Искористете ја можноста, дојдете во Сетек и купете најмногу техника, со најниски цени.
Компанијата Сетек, како лидер на пазарот, повеќе од 30 години, во континуитет ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите.
Со мрежа од 33 различни локации, модерно опремени салони и премиум продавници, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој љубител на современата техника.
Покрај актуелната акција, Компанијата, во континуитет нуди и услуги за полесен пристап и поголема можност за корисност на купувачите, како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и долготрајна употреба.
Сепак, обожавателите на техника најмногу ја чекаат акцијата СЕТЕК ДЕНОВИ, кога буквално СÈ СЕ КУПУВА !
(ПР)