Македонија
Мицкоски: Замрзнувањето на цените нема да го стопира бранот на инфлација

“Замрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти можеби ќе го ублажи, но никако не може да го стопира овој бран на зголемена инфлација и намален стандард на граѓаните. Тоа не се прави со ограничување на цената на производите, туку тоа е една од сетот мерки коишто требаше да се преземат”, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се спречи ценовниот шок со денешната одлука на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ уште во април и мај нагласуваше дека Македонија ќе дојде до оваа ситуација во која што е денес поради не преземање на соодветни мерки од страна на власта. Енергетската криза е во суштина и причинител за оваа инфлаторна спирала. Кога се има влезен производ којшто два пати, три пати има повисока цена тогаш логично е и другиот производ којшто се произведува да биде поскап и логично е граѓаните тој производ што го користат да го платат поскапо.
„Инфлацијата е увозна но е и домашна инфлација. Нивните политики се погрешни, наместо да копаат јаглен и да произведуваат струја, тие се организираа картелски и пљачкаа, а тоа го прават и денес. Ќе видите од овие 4 милијарда денари, ќе видите дека 14,5 милиони евра наместо да одат за струја, отидоа за плаќање на фактурите за добавувачите во РЕК Битола и повторно заврши некое куферче таму во југоисточна Македонија“, рече Мицкоски.
Тој укажа дека од власта не треба ништо да се очекува или дека нешто воопшто ќе сменат кон подобро. За жал на крајот од денот два пати ја плаќаат сметката еднаш кога крадат и еднаш кога се неспособни да произведат.
„Народот е најважен, тој е суверен во Македонија, а ние политичарите сме менливи и минливи. Прашањето е што ќе оставите позади вас. Власта ќе остави девастирана состојба во државата односно комплетно разурнат трул систем којшто не функционира, којшто се плаќа со човечки животи, со уништен стандард и сето тоа го прават заради лично богатење и личен интерес“, заклучи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата“, стои во објавата на претседателот Филипче.
Македонија
Салиу: Промена во Шуто Оризари мора да има

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.
„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела“, порачува Салиу.
Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.“
Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.
„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари“, додава Салиу.
Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.
„Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци“, порачува Салиу.
Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“
Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.