Македонија
Османи на министерски состанок за мировните операции на Обединетите нации
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на министерскиот состанок на Обединетите нации за мировни операции, кој се одржа виртуелно, во организација на министерот за надворешни работи на Република Кореjа, Чунг Еуи-јонг, и министерот за национална одбрана, Су Вок, заедно со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Во своето обраќање Османи ја реафирмира посветеноста на земјата кон мултилатералната соработка како еден од приоритетите на надворешната политика на Северна Македонија, во која, меѓу другото, спаѓа и соработката во делот на мировните операции во рамките на ОН и зачувување на мирот.
„Северна Македонија е целосно посветана и решена да продолжи со своите заложби во делот на зголемено учество во мировните операции на ОН преку зајакнување и обучување на своите капацитети, особено водејќи сметка и за еднакво учество на жените во мировните процеси или во делот на превенцијата“, истакна министерот Османи.
Воедно, министерот Османи истакна дека земјата целосно ги подржува реформите преземени од страна на генералниот секретар Гутереш за поефикасни мировни операции, кои, иако се соочуваат со предизвици, се важен инструмент за зајакнување на мирот и безбедноста во светот.
На сесијата посветена на одржување на мирот, на која учествуваше Османи, беше изразена силна поддршка за превентивната дипломатија како основа за градењето на мирот, што како процес е од суштинско значење за одржлив мир и стабилни општества.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

