Македонија
168 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати за 24 часа
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 110, Кавадарци и Кочани по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран по 2 и по еден заразен во Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се седум починати лица – 4 од Скопје (71, 69, 59 и 55 години) и по едно починато лице од Велес (67), Струмица (65) и од Штип (77). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
За 24 часа, регистрирани сe и 275 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 90, Битола – 26, Прилеп – 24, Кавадарци – 22, Берово – 18, Струмица – 13, Кочани – 11, Тетово – 10, Велес – 7, Валандово – 6, Куманово, Неготино и Радовиш по 5, Гевгелија – 4, Штип, Крива Паланка, Делчево, Кратово и Пехчево по 3, Виница, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по 2 и по еден оздравен во Гостивар, Свети Николе, Ресен, Дебар, Богданци и Демир Хисар.
Направените 1.478 теста се преку: ИЈЗ – 131, ЦЈЗ Скопје – 26, ЦЈЗ Куманово – 17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 1, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 65, „Авицена“ – 82, „Биотек“ – 71, „Систина“ – 53, лабораторија „Лаор“ – 74, „Ремедика“ – 13, „Плодност“ – 34, „Никоб лаб“ – 210, „ВФВ медикал“ – 20, „Ели медика“ – 17, „Рапид лаб“ – 7, „Жан Митрев Струмица“ – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 653.
Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 95.588, Активни 2.762
Куманово 12.966, Активни 189
Тетово 11.353, Активни 87
Прилеп 10.386, Активни 340
Битола 8.883, Активни 494
Гостивар 8.075, Активни 21
Велес 7.362, Активни 165
Кавадарци 7.120, Активни 243
Штип 6.632, Активни 115
Охрид 6.558, Активни 212
Струмица 6.157, Активни 113
Кичево 4.237, Активни 43
Кочани 4.042, Активни 106
Струга 3.913, Активни 35
Гевгелија 2.821, Активни 82
Неготино 2.581, Активни 41
Свети Николе 2.128, Активни 40
Крива Паланка 1.913, Активни 70
Ресен 1.770, Активни 61
Радовиш 1.760, Активни 61
Берово 1.466, Активни 55
Дебар 1.456, Активни 0
Делчево 1.429, Активни 103
Виница 1.162, Активни 17
Пробиштип 1.128, Активни 23
Валандово 959, Активни 42
Кратово 778, Активни 27
Богданци 647, Активни 19
Демир Хисар 622, Активни 50
Крушево 595, Активни 32
Македонски Брод 505, Активни 14
Демир Капија 426, Активни 4
Македонска Каменица 421, Активни 27
Пехчево 353, Активни 7
Дојран 170, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада
Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би станало збор и за укинување на техничката влада.
Мицкоски изјави дека не би влегувал во процес на укинување на техничката влада без политички консензус, оценувајќи дека ваквите промени треба да се носат со согласност на сите релевантни политички чинители.
Тој потсети дека пред изборите раководството на СДСМ јавно се залагало за бришење на техничката влада и посочи дека допрва треба да се види дали таа позиција сè уште важи.
„Јас не би сакал да влегувам во такви измени, иако таму нема дополнителни услови, нема Бадентер. Но, не би сакал да влегувам во таков еден процес без да имаме консензус, затоа што мислам дека е тоа политички некултурно“, рече Мицкоски во интервју за „Алфа“.
Според него, доколку постои заедничка оценка дека техничката влада го кочи функционирањето на системот, има проблеми со уставноста и не остава доволно простор за маневрирање, тогаш таквите измени треба да се направат, но исклучиво со политичка согласност.
„Планирам од утре да упатам покана до сите лидери на политички партии или водства на коалиции што имаат пратеничка група во рамките на парламентот, да организираме една лидерска средба“, изјави Мицкоски.
На средбата би станало збор и за изборот на Народен правобранител и реформските закони поврзани со напредокот на државата кон Европската Унија.
„Да покажеме зрелост и да разговараме отворено на теми за кои немаме дијаметрално различни ставови. Сите велиме дека сме за Европската Унија, законите имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија и од Канцеларијата на Европската комисија, ајде да седнеме и да разговараме“, порача Мицкоски.
Македонија
На Божиќ се роди Миха – првото бебе во 2026 година во Кочани
На Божиќ, 7 јануари, во раните утрински часови се роди Миха, првото новороденче во 2026 година во Кочани. Мајката Виолета од Оризари роди здраво машко дете, второ во семејството Димитровски од Оризари.
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска го посети Гинеколошко-акушерското одделение во Општа болница – Кочани, каде што со д-р Илчо Атанасовски, којшто го изврши породувањето и со директорката на болницата Катерина Мирчовска-Паниќ ѝ ја честитаа рожбата на мајката.
Градоначалникот им ги врачи традиционалните подароци на бебето и на мајката и им посака добро здравје и многу среќа во животот.
– Во моментите кога го славиме најголемиот христијански празник, раѓањето на нашиот Бог, Исус Христос се раѓа и нова надеж во Кочани. Ова не е симболика, ова е јасна порака со која, Господ Бог е со нас и со негова помош ќе се трудиме да го направиме тоа што многупати го кажавме, за повторно раѓање на Кочани и на кочанската болница. Од мое лично име и од име на Општина Кочани на малиот наш сограѓанин, му посакувам безгрижно детство, многу здравје и да биде гордост на неговите родители и на нашиот град Кочани. Ние како Општина ќе бидеме посредник меѓу централната власт и институцијата болница во Кочани за што е можно побрзо возобноување и повеќе инвестиции, како на кадровско така и на организациско поле – рече градоначалникот Грозданов.
На Гинеколошко-акушерското одделение и на дежурната екипа градоначалникот им врачи подароци и им посака успешна работа во 2026 година.
Доктор Илчо Атанасовски соопшти дека во 2025 година на Гинеколошкото одделение во Кочани се извршени 1600 прегледи и 230 хоспитализации. Бројот на породувања е помал во споредба со лани, но бројот на дијагностицирани карциноми е зголемен од 5 во 2024 на 16 во 2025.
Според директорката Паниќ-Мирчовска се очекува брзо кадровско екипирање на Гинеколошко-акушерското одделение со нови специјалисти, како и подобрување на медицинската опрема во кочанската болница.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин за секаков тип на возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

