Македонија
Страв и анксиозност е цената која новинарите ја платија при известување од пандемијата на Ковид-19
– На 61 отсто од медиумските работници велат дека пандемијата негативно влијаела врз менталното здравје
– 42 медиумски работници останале без работа
– 74 проценти од новинарите не сметаат дека состојбата ќе се промени по ковид-кризата
Страв, анксиозност, депресија, неизвесност, овие последици од ковид-пандемијата ги чувствуваат 61 процент од анкентираните медиумски работници. Истражувањето е направено врз 150 испитаници кои работат во медиумите спроведено во октомври од страна на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
„Несоница, трауми од слики кои биле на терен, неизвесност, проблеми со здравјетo зголемен крвен притисок“ се најчестите изјави на медиумските работници кои известувале во време на кризата со Ковид-19, која трае речиси две години.
На прашањето „дали сметате дека вашиот работодавец обезбедил услови да се чувствувате безбедно при ваквото известување?“, 103 медиумски работници одговориле НЕ, а речиси исто толкав број изјавиле дека не се осигурани на своето работно место во вакви услови за работа.
Медиумските работници во услови на криза и за известување во криза одговориле дека во медиумите немаат посебни протоколи за известување, тие се воделе од приниципите на начелата за пишување на Здружението на новинари, Советот за етика и биле внимателни во делот „сензација и проверени информации“.
Освен грижата за сопственото здравје, медиумските работници се загрижени и за задржувањето на своето работно место. На прашањето „дали се загрижени за губење на работата? Според одговорите на испитаниците почнувајќи од оценките од 1 до 5 испитаниците одговориле:
Со оценка еден, која се однесува на највисока загриженост, одговориле 49, со оценка два – 46, со оценка три – 33, со оценка четири – 13, а само деветмина се целосно сигурни за нивното работно место во време на оваа пандемија. Деведесет и осум испитаници од вкупно 150 од 1 до 5 одговориле дека покривањето и известувањето за пандемијата била исцрпувачка и интензивна.
Најтешко за пола од испитанците била социјалната дистанца и недружење со луѓето, бидејќи според одговорите работата и известувањето не е само додека трае работното време, туку мислите и тежината продолжува и дома кога останувате сами без можност за дружба и отргнување на мислите. Пола од нив кажале дека најголем страв при работата и известувањето за ковид е високиот ризик за зараза од вирусот.
Со оценка три медиумските работници го оцениле начинот на работа со отсуството на физичко присуство на дел од прес-конференциите. Сепак, непосредната комуникација многу недостасувала во делот на известување и за пола од учесниците е многу подобра, во однос на интернет прес-конференциите.
Пола од испитаниците работеле дома, други работеле во групи, но дел од нив целата пандемија ја работеле директно од своите работни места. Петнаесет испитаници се изјасниле дека од почетокот на пандемијата платата им била намалена од 10 до 30 проценти во првите два месеца, а потоа им била вратена старата сума.

Ковид-пандемијата оставила четириесет и двајца без работа во медиумите, потврдиле испитаниците по поставеното прашање „дали познаваат некого кој изгубил работа поради ковид-кризата?“.
Ковид-19 го застана светот и се промени целиот начин на комуникација. Но, „дали ќе се промени состојбата на работа во медиумите?“, 103 одовориле не, а оние кои одговориле потврдно објасниле дека можна е финансиска криза, но и нов начин на комуникација, на пример, користење на интернет-мрежите за комуникација во делот на снимани изјави.
Анкетата содржеше 48 прашања, а токму последното прашање за испитаниците беше „дали би си заминале од новинарската професија?“, 62 би го замениле новинарството со друга професија, а 88 сакаат сè уште да бидат новинари. Во однос на висината на платата, најголем дел од нив, според одговорите, спаѓаат во групата од 15-20.000 денари, дел од 20-25.000 денари и помал дел се од 25 до над 30.000 денари плата месечно.
Дополнително она што ги загрижува голем дел од медиумите сè уште се настаните во затворено, каде и има и реакции на самите медиумски работници во делот на непочитување на носење маски во затворено каде има голем број пристуни. Пример за тоа се изборите и прес-конференциите во политичките партии, како и отворањето на трговските центри.
Во делот на влезот во болници и ковид-центри целосно се почитуваат протоколите за заштита на медиумски работници кои известуваат од внатре од ковид-центрите.
Состојба со медиумите во регионот
Црна Гора

Во Црна Гора, иако имало најава за отпушатње на медиумски работници, имало и нови вработувања. Од Синдикатот на новинари во Црна Гора објаснуваат дека причина за тоа било што државата на медиумите им дала 2,5 милиони евра помош за санирање на последиците од пандемијата. Но, остануваат старите проблеми каде медиумските рабоници работат прекуваремено и често не се платени за таа работа.
Радомир Крачковиќ – Синдикат на новинари на Црна Гора
Србија

Во Србија немало намалување на платите на медиумските работници. Она што е карактеристично е бројот на зголемување на часовите на работа, од 176 месечно се зголемил за 400 работни часови во март и април минатата година, кога голем дел од вработените, на пример во РТС, дале и отказ.
Ана Стаменковиќ – РТС
Грција

Особена реакција во јавноста и кај опозициските партии предизвика т.н „листа Пецас“, односно списокот со 1.232 грчки медиуми што добиле финансиски средства од грчката Влада во висина од вкупно 20 милиони евра за кампањата. Остануваме дома, односно за кампањата за информирање на граѓаните за превенција од коронавирусот на почетокот на пандемијата и во период додека земјата беше во карантин. Листата била доставена во јули минатата година од портпаролот на Владата, Стелиос Пецас, по барање на опозициската СИРИЗА.
Сања Ристовска – дописник на МИА од Грција
ЗАКЛУЧОК: Приходите на новинарите и медиумските работници и понатаму се под државниот просек, но мора сериозно да се посвети внимание и на заштита на медиумските работници од потенцијална зараза, како и на влијанието на кризата врз нивната психолошка состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

