Свет
Маж во САД се обидел да киднапира авион за да бара вонземјани, се заканувал со бомба

Полицијата во Лас Вегас уапси маж што ја пробил безбедносната ограда на аеродромот тврдејќи дека сака да украде авион за да стигне до местото познато како Област 51.
Човекот пред полицијата изјавил дека сакал да го украде авионот за да може да лета до Областа 51 и да ги види вонземјаните. Тој беше уапсен кога со автомобил ја пробил оградата на меѓународниот аеродром „Мекаран“, паркирал кај рампата за авионот и се заканувал со бомба, пишува Си-ен-ен.
Уапсен е поради терористички чин, се наведува во полицискиот извештај.
Област 51
Областа 51 е воена база лоцирана во јужниот дел на западна Невада во САД. Се користи како полигон за обука на воздухопловните сили на САД. Самото име, всушност, доаѓа од ознаката на мапата.
Таа воена база долго време беше во фокусот на разни теоретичари на заговор, кои веруваат дека американската влада таму крие тела на вонземјани и НЛО.
Закани со бомба
Според полицијата, кога ја пробил оградата, мажот влетал меѓу неколку авиони, па се паркирал во близина на еден од нив и им се заканил на вработените.
„Имам е*eна бомба. Ќе го кренам во воздух ова место“, им се заканил.
Сведоците велат дека човекот на лицето носел маска на кловн. По заканата, тој се вратил во возилото, а вработените избегале на безбедно и почнале да го евакуираат аеродромот.
Кога пристигнала полицијата, успеала да го запре возилото и веднаш го привела осомничениот. При претресот на неговиот автомобил полицајците пронашле направа што личела на боца за кислород и нешто што личело на апарат за гаснење пожар околу кое биле обвиени многу жици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.