Економија
СДСМ: Раст на БДП од 3 отсто и раст на извозот од 29 проценти, економијата е подготвена за претстојните предизвици
„Многубројни позитивни параметри потврдуваат дека македонската економија е стабилна и подготвена за справување со претстојните глобални предизвици.
Потврда за тоа е растот на БДП од три отсто во третото тримесечје од 2021 година.
Покрај растот на БДП, бележиме и раст на извозот, кој во првите 10 месеци од годината е зголемен 29 % во однос на минатата година.
Дополнително, Народната банка потврди дека денарот е стабилен и граѓаните не треба да се вознемируваат од информациите што ги пласираат одредени медиуми.
СДСМ како одговорна и социјалдемократска партија продолжува да презема мерки што значат вистинска грижа за граѓаните и заштита на нивниот економски стандард.
Во тој правец е и владината одлука за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022, кои не смее да бидат повисоки од цените што биле на 1 декември 2021 година.
И во 2022 ќе продолжат да растат платите и пензиите.
Минималната плата од јануари ќе изнесува 18.000 денари, со новата методологија за законско усогласување пензиите ќе растат два пати во годината, меѓу 400 и 600 денари, во зависност од износот на пензијата.
Буџетот е стабилен и ликвиден, државата има доволно пари за помош на граѓаните и компаниите за надминување на предизвиците што претстојат.
Следува и субвенционирање на трошоците за електрична енергија за ранливите категории граѓани и семејства со оглед на предизвиците со цената на струја.
Сето ова ќе доведе до зајакнување на економскиот стандард на граѓаните во време кога целиот свет се соочува со енергетска и економска криза.
Како одговорна партија продолжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните, продолжуваме со реализација на мерки и политики во интерес на стопанството“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Паметно управување со трошоците во период на зголемена потрошувачка
Зимскиот период секогаш носи повисоки трошоци, од подготовка на автомобилот и купување на зимска опрема, до избор на грејни уреди, празнични украси, елки и подароци. Во време кога буџетот природно е пооптоварен, секое решение што создава дополнителна вредност е добродојдено. Токму затоа бонус програмата на Халкбанк претставува практичен начин клиентите да добијат дополнителна вредност при редовните сезонски купувања.
Повеќе вредност со секое плаќање
При плаќање со кредитните картички Mastercard и Visa на Халкбанк, во одредени периоди и одредени категории продажни места, автоматски се собираат бонус поени. Вредноста е целосно транспарентна: еден бонус поен еднаков е на еден денар. Понатаму, поените може да се искористат за делумно или целосно плаќање на ПОС терминалите на Халкбанк, со што сметката веднаш се намалува.

Сезоната станува поудобна кога дел од трошокот се враќа назад
Зимските гуми, сервисот пред патувања, грејните уреди, празничната декорација, сите овие купувања можат да носат бонус поени кои подоцна ќе се претворат во конкретно намалување на следното плаќање. На овој начин, сезоната на зголемени трошоци станува поиздржлива, а буџетот полесно се контролира.
Јасно и едноставно користење
Во секој момент постои целосен увид во расположливите бонус поени, преку електронското банкарство, месечниот извод или потврдата по направена трансакција. Начинот на нивното користење е на самиот ПОС терминал, при наплата, се избира опцијата за употреба на поените, а износот веднаш се коригира со нивната вредност. Систем осмислен да функционира природно и без дополнителни чекори.
Паметен начин да се намалат сезонските расходи
Бонус програмата нуди можност едноставно да се добие повеќе од секое редовно купување, без промена на навиките, без дополнителни чекори и без сложени правила. Еден практичен систем што додава вредност таму каде што најмногу е потребна, во периоди на зголемена потрошувачка.
Програмата е уште еден начин банкарските услуги да бидат поудобни и приспособени на секојдневните потреби. Со вакви решенија, Халкбанк продолжува да создава пофункционално и современо корисничко искуство.
ПР
Економија
Доколку Европа не отстапи од планот за воведување јаглеродна такса, ќе имаме тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите што не се членки на ЕУ, посочи Бислимоски
Доколку Европа не отстапи од планот за воведување на јаглеродната такса кај земјите членки на Енергетската заедница, наместо интеграција со земјите членки на ЕУ и формирање на еден заеднички европски пазар ќе ни се случи тргување со електрична енергија исклучиво помеѓу земјите кои што не се членки на ЕУ – посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ на трибината посветена на предизвиците во енергетскиот секторот, насловена како „ Центар за енергетска политика на Западен Балкан“ што се одржа во Приштина.
Бислимоски образложи дека крајната цена на електричната енергија што се нуди на отворениот пазар нема да биде конкурентна, затоа што цената ќе се зголеми поради јаглеродната такса.
„Ние може да ја усвоиме најдобрата легислатива, но клучно е какви резултати дава имплементацијата на одреден закон во пракса. Сите земји членки на Енергетската Заедница соработуваат и испорачуваат реформи затоа што тоа е единствениот начин да се оди напред. Кај нас усвоени се првиот, вториот и третиот енергетски пакет, а сега и четвртиот енергетски пакет се имплементира. Ако се анализира изминатиот период може да се заклучи дека сите земји одат напред: берзите за електрична енергија функционираат, имаме зајакнување на меѓуграничните капацитети, а тоа е подготовка за спојување на пазарите, што пак ќе придонесе кон привлекување на нови инвестиции. Западен Балкан има сонце и ветер и ако ги погледнеме бројките, од почеток на енергетската криза сите инвестиции се токму во постројки од обновливи извори. Сепак производството на струја од јаглен е присутно и доминантно затоа што од овој ресурс се обезбедува базна енергија што е клучна за стабилноста на електроенергетскиот систем. Со имплементација на јаглеродната такса, ќе се блокира интеграција на земјите од западен Балкан со земјите членки на ЕУ. Нема шанси сопственик на производствен капацитет од овие земји да извезува надвор од ЕУ и ќе останеме затворени во регионална рамки“, кажа претседателот на РКЕ.
Бенефитите од реформите кои се спроведуваат неопходно е да ги почувствуваат граѓаните, и Европа мора да биде свесна дека тие мора да бидат поддржани низ процес на субвенции, порача Бислимоски.
“Ние живееме во средина каде воздухот е исклучително загаден и трошиме многу пари за лекување на граѓаните. Енергетските реформи се тесно врзани со животната средина. Прашањето е едноставно– како овие реформи допринесуваат за подобра животна средина? Треба да се објасни колку пари нашите здравствени институции трошат поради загадениот воздух. Мерки мора да има, граѓаните мора да знаат дека политиката на реформи во секторот дава резултати и наративот ќе се смени. Неопходно е во целост да се реконструира финансиската помош за ранливите потрошувачи и да се ремоделираат условите за употреба на фотоволатичните централи кај домаќинствата. На овој начин граѓаните ќе разберат дека реформите се за заедничко добро“.
Амбасадори, високи економски дипломатски експерти, енергетичари од Енергетската заедница и од Европската комисија беа дел од дебатата што се одржа во Приштина, на која се разговараше за развојот на енергетската политика во Западен Балкан.
Економија
Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември
Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не е датум за затворање на трезорската сметка, туку рок до кој институциите е потребно да ги достават сите тековни расходи за навремена исплата.
Според премиерот, и по истекот на овој рок ќе има толеранција и институциите нема да бидат одбиени доколку поднесат налози подоцна. Целта на поставувањето на датумот, вели тој, е подобро планирање и навремено извршување на обврските.
„Јас не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември како датум кога сите иснтитуции е добро да ги достават сите оние тековни потреби, расходи и сите средства кои треба да се пренесат до доверителите. Се разбира на тоа додадов дека имаме толеранција. Се разбира дека нема ако некој дојде на 20 декември да речеме клучот е на врата и завршена е работата. Се разбира дека толеранција ќе има, но идејата е да работиме со план, да имаме свесност дека е потребно сето тоа да реализираме со време, да имаме некаква навика и да го почитуваме сето она што ќе го поставиме како план и задачи. Затоа јас ги молам сите институции да дојдат навреме. Не велам дека на 25-ти ако дојде некој со налог нема тоа да се прифати и ќе се одбие, но, навремено да ги испланираме активностите, за да не се случи во 5 до 12 сите да нагрнеме таму и некои од обврските да останат неплатени односно да ги книжиме во следната година. Само тоа е целта, чисто мораме да се навикнеме на некаков ред“, кажа Мицкоски.

