Забава
Кристин Дејвис смета дека новото поглавје на „Сексот и градот“ го одразува модерниот свет

Кристин Дејвис смета дека новата сезона на хит-серијата „Сексот и градот“ му се обраќа на современиот свет.
56-годишната актерка ја повтори улогата на Шарлот Голденблат во мини серијата со наслов „И едноставно така …“ и открива дека ова поглавје ќе биде многу поинакво од оригиналот.
Во интервју за „Ентертејнмент тунајт“ таа објасни: „Нашата цел беше ова да биде следното поглавје. Тоа е нашата единствена причина да имаме поинаков наслов“.
Кристин, која повторно се соедини со Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон за новата серија, инсистира на тоа дека ова поглавје го одразува современиот свет.
„Не сакавме луѓето да ги имаат истите очекувања кога очигледно е друго време, тоа е поинаква серија што зборува за сегашноста. Затоа и се вика ‘И едноставно така’“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Провалникот во куќата на Анистон наводно ја следел актерката со години и ѝ се заканувал

Маж заврши на суд откако наводно две години ја малтретирал холивудската актерка Џенифер Анистон – што кулминирало кога со автомобилот ја удрил оградата на влезот од нејзината вила во понеделник.
Џими Вејн Карвајл од Њу Олбани, Мисисипи, е обвинет за постојано испраќање несакани гласовни пораки, е-пошта и пораки на социјалните мрежи до актерката од „Пријатели“ од 2023 година. Се вели дека 48-годишникот потоа пробил со својот сив „Крајслер ПТ Крузер“ низ главната ограда на домот на Анистон во населбата Бел Ер во Лос Анџелес рано попладне во понеделник.
Обвинителите истакнуваат дека судирот предизвикал голема материјална штета, а полицијата соопшти дека Анистон била дома во времето на инцидентот. Обезбедувањето го запрело Карвајл на влезот пред да пристигне полицијата, која потоа го уапсила. Немаше пријави за повредени, а Карвајл беше обвинет за кривично дело демнење и вандализам кратко потоа.
Како што изјави окружниот обвинител на округот Лос Анџелес, Натан Хохман, против него е додадена отежнувачка околност закана за нанесување сериозни телесни повреди. Карвајл, кој е во притвор од апсењето во понеделникот.
Неговата кауција беше одредена на 150.000 американски долари. Доколку биде прогласен за виновен по сите точки од обвинението, тој се соочува со затворска казна до три години.
Естрада
Познатиот пејач откри дека има рак во четврта фаза: „Не се плашам, Бог е голем“

Пејачот и тапанар на 3 Doors Down, Бред Арнолд, откри дека му бил дијагностициран рак во четврта фаза.
Поради својата болест, бендот мораше да ја откаже турнејата, а Бред објави на социјалните мрежи.
„Здраво на сите, јас сум Бред од 3 Doors Down. Се надевам дека имате одличен ден. Имам не толку добри вести за вас денес“, започна тој, пред да открие дека му бил дијагностициран карцином на бубрежни клетки, еден вид рак на бубрезите. Неговата болест била откриена пред неколку недели, кога му се слошило и отишол во болница.
Тогаш лекарите откриле дека ракот веќе преминал во четврта фаза и се проширил на белите дробови.
„Значи, бев болен пред неколку недели, потоа отидов во болница на преглед и всушност ми дијагностицираа чистоклеточен бубрежен клеточен карцином кој метастазирал во моите бели дробови. Тоа е стадиум четврти, што не е многу добро“, рече тој.
И покрај тешката болест, познатиот музичар изјави дека воопшто не се плаши од својата дијагноза.
„Но, знаете што? Му служиме на моќниот Бог, а тој може да победи се. Затоа не се плашам. Навистина, навистина не се плашам од тоа“, додаде тој.
Тој исто така рече дека бендот мора да ја откаже претстојната турнеја што требаше да започне на 15 мај во Дејтона Бич.
„Ќе не принуди да ја откажеме турнејата ова лето. Жал ни е поради тоа”, рече тој, додавајќи дека можеби е време да ја слушнеме нивната песна “It’s Not My Time”, која ја спомна и во описот на објавата.
„Ви благодарам за сите досегашни спомени. Сега верувам дека „Не е моето време“ е навистина мојата песна. Ова ќе биде борба, па ни требаат нашите молитвени воини! Ви благодариме што сте најдобри обожаватели на светот. Ве сакаме сите!“ напиша тој.
Забава
Ѕвездата на „Чувари на плажата“ забележан во тешка состојба

Дејвид Хаселхоф, легендарниот актер од серијата „Чувари на плажата“, е виден во инвалидска количка среде тежок период од животот по смртта на поранешната сопруга.
Американскиот актер и пејач Дејвид Хаселхоф беше виден како во понеделникот се вози низ аеродромот во Канкун во Мексико додека тој и неговата сопруга се враќаа од одмор, набргу по трагичното самоубиство на неговата поранешна сопруга, американската актерка Памела Бах.
Според извор близок до актерот, Хаселхоф, најпознат по улогата на Мич Бјукенан во серијата од 1989 година, живее тешко. Подоцна истиот ден, тој беше виден како куца низ аеродромот во Калифорнија, придружуван од неговата сопруга, 45-годишниот велшки модел Хејли Робертс.
David Hasselhoff, 72, reveals health setback as he’s seen in wheelchair at airport https://t.co/xXVuhJp67V pic.twitter.com/ZC0HEcaXBM
— Page Six (@PageSix) May 8, 2025
Актерот кренал палец додека се потпирал на сопругата. Фотографиите се направени неколку недели по самоубиството на Памела, кое, според изворите, длабоко ги потресе него и неговото семејство.
Извор близок до актерот изјави за Дејли Меил:
„Дејвид живее со позајмено време и имаше живот за кој многумина сонуваат, но со децении се бореше со алкохолизам и самолекување, за што денес длабоко жали“.
И покрај се, неговиот портпарол за британски Мирор изјавил дека Дејвид се чувствува добро и го очекува операција на коленото, поради што бил во инвалидска количка.
Бах почина на 5 март на 61-годишна возраст во нејзиниот дом во Холивуд Хилс од самонанесена прострелна рана.