Македонија
377 нови случаи на Ковид-19 и 12 починати за 24 часа
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.608 тестирања, а регистрирани се 377 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 164, Кавадарци – 31, Прилеп – 30, Битола – 24, Охрид – 16, Велес – 15, Куманово – 11, Штип – 10, Кичево – 9, Тетово – 7, Струмица и Крива Паланка по 6, Радовиш и Валандово по 5, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци по 4, Свети Николе, Ресен и Кратово по 3, Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица по 2 и по еден заразен во Струга, Пробиштип и Крушево.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 12 починати лица – петмина од Скопје (63, 82, 85, 85 и 87 години) и по едно починато лице од Куманово (61), Охрид (58), Битола (67), Штип (66), Струмица (62), Крива Паланка (78) и Виница (69). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително е пријавен еден смртен случај од 6 декември. Станува збор за лице од Скопје на возраст од 92 години кое починало во болнички услови.
Во последните 24 часа регистрирани сe и 307 оздравени пациенти од: Скопје – 155, Охрид – 23, Прилеп – 20, Кавадарци и Куманово по 17, Битола – 13, Делчево – 10, Струга – 8, Велес и Ресен по 5, Штип, Струмица, Валандово и Кочани по 4, Гевгелија – 3, Тетово, Свети Николе и Пехчево по 2 и по еден оздравен од Кичево, Радовиш, Неготино, Богданци, Кратово, Македонска Каменица, Берово, Демир Хисар и Дојран.
Направените 3.608 тестови се преку: ИЈЗ-313, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-91, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-77, Институт за микробиологија–144, Жан Митрев (Филип Втори)-80, Авицена-176, Биотек-214, Систина-50, лабораторија Лаор-202, Синлаб-30, Ремедика-16, Плодност–52, Генеа-9, Никоб лаб-453, ВФВ Медикал-90, Ели Медика-54, Ројал Медика–48, Спектра-ММ-13, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–29, Нова Лаб Дијагностика–6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.335.
Досега во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи изнесува 5.677.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 95917, Активни 2742
Куманово 12990, Активни 171
Тетово 11368, Активни 84
Прилеп 10456, Активни 358
Битола 8937, Активни 494
Гостивар 8081, Активни 25
Велес 7389, Активни 177
Кавадарци 7173, Активни 259
Штип 6645, Активни 102
Охрид 6576, Активни 201
Струмица 6166, Активни 106
Кичево 4250, Активни 53
Кочани 4057, Активни 109
Струга 3914, Активни 28
Гевгелија 2832, Активни 76
Неготино 2590, Активни 45
Свети Николе 2131, Активни 40
Крива Паланка 1920, Активни 70
Ресен 1773, Активни 58
Радовиш 1770, Активни 66
Берово 1470, Активни 53
Дебар 1456, Активни 0
Делчево 1439, Активни 93
Виница 1162, Активни 14
Пробиштип 1129, Активни 24
Валандово 967, Активни 42
Кратово 782, Активни 27
Богданци 652, Активни 21
Демир Хисар 623, Активни 48
Крушево 597, Активни 33
Македонски Брод 512, Активни 18
Демир Капија 426, Активни 2
Македонска Каменица 423, Активни 24
Пехчево 355, Активни 7
Дојран 172, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево
Од 06:50 ч., воведена e забрана за тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево поради обилни врнежи од снег, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Слаб снег провејува на П.Шапка кој во мометов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Денеска врнежи од дожд и од снег на планините
Под влијание на циклонска активност, денеска ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег, информира УХМР.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат над 15 l/m² воден талог. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми од 10 до 15 см.
Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во сабота наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.
Во Скопје, денеска ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа ќе биде стабилно со пониска утринска температура.
Македонија
По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во услови на, како што рече, „град на раб на финансиски колапс – празна каса, блокирани сметки, јавни претпријатија со неисплатени плати, систем без дисциплина и долг од речиси 300 милиони евра“.
„Тотален колапс! Институции што одамна престанале да работат во служба на граѓаните“, наведува градоначалникот, додавајќи дека добил доверба од граѓаните и дека „таа доверба нема да биде изневерена“.
Според него, за три месеци се намалени обврските за повеќе од 40 милиони евра преку кратење на непродуктивни трошоци и воведување финансиска дисциплина, а стабилизирана е и исплатата на платите во јавните претпријатија.
Ѓоргиевски информира дека биле отстранети над 600 фиктивно вработени кои со години земале плата без да доаѓаат на работа, како и дека е спроведена акција за чистење во која, како што наведува, учествувале над 2.500 луѓе, стотина возила и биле отстранети повеќе од 4.500 тони отпад за 72 часа.
„Скопје повторно почна да дише“, наведува тој.

Градоначалникот посочува дека се деблокирани клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои клучката кај „Момин Поток“, булеварот „Македонија“ со подземната сообраќајница, улиците „Љубљанска“ и „Перо Наков“, како и реконструкцијата на „Фрањо Клуз“.
Почнува изградба на нови кружни текови, булевари и монтажни катни гаражи, како и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“.
Во делот на јавниот превоз, наведува дека со поддршка од Владата се работи на модернизација со нови еколошки автобуси и проекти за современ транспорт.
Ѓоргиевски информира и за уредување нови зелени површини, расчистување на Вардариште, изградба на Луна парк, како и за набавка на нов мебел, компјутери, интерактивни табли и прочистувачи на воздух за средните училишта. Посочува дека Скопје останува Европска престолнина на културата 2028.
Во обраќањето тој наведува дека буџетот за 2026 година е повисок и развоен, со рекордни капитални инвестиции во образование, култура, инфраструктура и животна средина.
„Наследивме долгови, но градиме стабилна иднина. Наследивме хаос, но воспоставуваме систем и ред. Наследивме разочараност, но ја враќаме надежта и достоинството“, наведува градоначалникот.
Ѓоргиевски упати благодарност до Советот на Град Скопје, до својот тим и до премиерот Христијан Мицкоски, наведувајќи дека „со дела, како никој во минатото покажа што значи вистинска грижа за граѓаните и вистинска поддршка за Скопје“.

