Економија
„Нептун“ ќе воведе многу новини на пазарот со револуционерната петгодишна стратегија
На уникатниот корпорациски настан Reinvented, претставници на „Нептун“ пред вработените викендов ги презентираа успесите на компанијата изминатава година. Присутните, исто така, имаа шанса да слушнат и за останатите достигнувања на брендот, а беа запознаени и со револуционерната петгодишна стратегија со којашто „Нептун“ ќе воведе многу новини на домашниот пазар.
„Сè што се случуваше на глобален план од почетокот на 2020 година, како и сè што и понатаму се одвива како резултат на пандемијата, а потоа и со економската и сега, со енергетската криза, можеше да нè направи понесигурни во нашите уверувања. Како и претходно, ’Нептун’ на сите овие предизвици не одговори со повлекување, туку со храбро соочување со ситуацијата и превземање иницијативи со кои што ќе продолжи да еволуира и да ја задржи предводничката позиција на пазарот. Не само преку врвните финансиски резултати, туку и со воведување нови стандарди на квалитет, професионалност и на однос кон клиентите“, истакна генералниот директор на компанијата, Горан Цветинов.
Мотивациски говорник на настанот беше Благоја Милевски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, којшто ги сподели своите искуства од работата со спортските ѕвезди, како тие успеаја да стигнат до прагот на квалификациите за Светското првенство, што следната година ќе се одржи во Катар, како и неговите видувања за значењето на тимската работа и индивидуалното вложување во остварувањето на значајни резултати.
Дел од целите што компанијата има намера да ги реализира во 2022 година, покрај зголемувањето на пазарниот удел, се и реновирањето на неколку продажни локации со цел тие да бидат во согласност со брендот „Нептун“. Најавена е и релокација на одреден дел од продавниците, формирање академија за продажба, како и унапредување на талент-програмите за вработените.
Дополнително, „Нептун“ и понатаму ќе работи посветено да остане првиот избор на потрошувачите, кога е во прашање изборот на иновативни технологии и сеопфатни решенија што го подобруваат животот. Компанијата има за цел да остварува раст и развој, но и континуирано да ја унапредува општествената одговорност и грижата за вработените.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)