Македонија
(Видео) Спасовски: Борбата против организираниот криминал е предизвик на 21 век
„Борбата против организираниот криминал е предизвик на 21 век и неговото влијание се наметнува во сите сфери на општеството. Од тие причини, за успешно справување со овој феномен е неопходен сериозен пристап од страна на сите институции надлежни за спроведување на законот. Безбедносните закани со кои се соочува Република Северна Македонија се слични не само со заканите во земјите од Балканскиот Регион, туку и со земјите од ЕУ и САД, што наложува и изнаоѓање нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето воведно обраќање на првиот регионален состанок за градење стратегии за превенција и борба против организираниот криминал во земјите од Југоисточна Европа, што во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал во нашата земја, се одржува денеска во Скопје.
Нагласувајќи го фактот дека во Република Северна Македонија постои цврста политичка волја и јавна свест за интензивна и континуирана борба против транснационалниот организиран криминал, министерот Спасовски посочи дека тоа е закана која може да предизвика сериозни безбедносни импликации, така што борбата за сузбивање на овој феномен претставува еден од главните приоритети.
„Организираниот криминал не познава граници, ниту визи, државјанства, етничка припадност, ниту, пак, постојат правила на дејствување. Затоа, само со воспоставување правна рамка за остварување на меѓународната соработка помеѓу полициските служби и јавните обвинителства во земјите од Европа, може цврсто да се застане на патот на организираниот криминал“, нагласи Спасовски, кој во тој контекст ја потенцираше улогата и константната поддршка на Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите Нации во спроведувањето на Конвенцијата од Палермо, како и соработката и посветеноста на оваа канцеларија кон зајакнувањето на стратешките рамки против организираниот криминал, преку регионални и национални активности, во четири целни региони, вклучувајќи го и регионот на Југоисточна Европа.
„Очекувам денешниов состанок на докажани, високопрофилирални и признаени професионалци несомнено да развие плодна дискусија, но и да донесе опипливи, конкретни резултати во правец на утврдување, а потоа и натамошно унапредување на стратешките приоритети во борбата против организираниот криминал во нашиот регион. Воедно, на ова гледам како на убава можност, преку размена на искуства, да се споделат најдобрите практики во развојот на стратегиите“, рече министерот Спасовски, додавајќи дека клучниот бенефит од состанокот го гледа во иницирање на здружување на претставниците на релевантните институции, меѓународните и регионалните организации, граѓанското општество и приватниот сектор, како клучни општествени чинители за примена на сеопфатен и повеќеслоен стратешки пристап во насока на зајакнување на борбата против организираниот криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Програми за доживотно учење на Факултетот за музичка уметност – Скопје
Факултетот за музичка уметност – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги објави програмите за доживотно учење – единствена можност за сите заинтересирани лица над 20 години кои сакаат да го прошират своето музичко образование и да се надградат професионално.
Наставата се реализира со врвен универзитетски кадар и нуди висок квалитет во различни области: свирење на инструменти, соло пеење, популарни жанрови, диригирање и композиција. Секој учесник добива индивидуален пристап и работи во одлични услови кои овозможуваат целосно развивање на талентот и личен напредок.
На крајот од секој семестар, учесниците добиваат сертификат издаден од Факултетот за музичка уметност – Скопје, што претставува официјално признание за стекнатите знаења и вештини.
Повеќе информации за програмите на следниот линк: https://www.fmu.ukim.edu.mk/about/lifelong-learning
Уписот е во тек и трае до 25.2.2026 год. За дополнителни информации во врска со уписот, обратете се на тел.бр.02-3134345 или на е-пошта: [email protected].
фото/Depositphotos
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟣𝟩 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар известува дека во периодот од 09.02 до 15.02.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ биле отстранети 117 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
ВЛЕН: Ако СПАК-от на ДУИ не е само за спектакл, нека побара екстрадиција на Артан Груби од Албанија
ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на локален СПАК (Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја открила Америка. Но, прашањето што веднаш се поставува е: дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, прашуваат од ВЛЕН.
„Корупцијата има познати лица: Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во ФЗО, Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи. ВЛЕН го поздравува овој СПАК на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња. Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ“, пишува во соопштението.
Ако овој СПАК е сериозен, велат од ВЛЕН, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи.
„Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „СПАК за Фејсбук“, а не за правда“, велат од ВЛЕН.

