Македонија
(Видео) Спасовски: Со подбора соработка до успешно управување со миграцијата
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на завршната Министерска конференција во рамки на Салцбуршки форум што беше организирана онлајн, од страна на Република Унгарија, која во моментот претседава со овој форум. Министерот Спасовски во своето обраќање истакна дека Република Северна Македонија е дел од глобалниот одговор за сеопфатно и организирано справување со нелегалната миграција.
„Сега, повеќе од кога било претходно, имаме потреба од уште покоординирана и сеопфатна соработка на оперативно ниво, со цел одржливо и успешно управување со миграцијата. Неопходно е да се интензивира меѓусебната оперативна соработка во насока на навремена размена на податоци, профилирање на организирани криминални групи и криминални соработници, со цел воспоставување на заеднички истраги за сузбивање на криумчарење мигранти“, посочи министерот Спасовски, имајќи ги во преден план посебно земјите по должина на рутата, вклучително и земјите членки на ЕУ кои се крајни дестинации за мигрантите. Во тој контекст министерот Спасовски се осврна на поддршката и соработката со Фронтекс, која е на многу високо ниво и континуирано се продлабочува во сите области.
Во однос на соработката и можноста за воспоставување координација помеѓу земјите членки на Салцбуршкиот форум и на Групата Пријатели на Форумот, министерот подвлече дека нивното продлабочување значи развивање на заеднички концепт и метод на работа кој ќе овозможи, пред сè, постојана ситуациска свесност, ефикасно справување со постоечката ситуација, но и брза реакција на непредвидени и нагли влошувања на состојбите.
„Имајќи ја предвид меѓународната димензија на илегалната миграција, ценам дека ниедна држава не може сама да одговори на ваквите глобални безбедносни предизвици, па оттаму, ефикасната превенција и сузбивање на појавните облици на ваквите феномени би подразбирала координирана акција и градење на заедничка безбедносна стратегија, како и интегриран и систематски пристап за справување со предизвиците“, рече Спасовски.
На крајот на своето обраќање министерот Спасовски изрази целосна поддршка од страна на Република Северна Македонија за сите заеднички иницијативи во справувањето со миграциските предизвици и борбата против криминалните појави кои се нужна последица на нелегалната миграција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

