Македонија
В година Македонија ќе набави 500.000 дози од вакцините на „Фајзер“

Владата ја усвои информацијата за набавка на вакцини против Ковид-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози вакцини од производителот „Фајзер“.
Во набавката треба да бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1 отсто од вкупниот број деца во земјата на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози, соопшти Владата.
Во согласност со информацијата, дозите за возрасните треба да почнат да се испорачуваат од мај, а педијатриските дози во првото тримесечје на 2022 година. Вкупната количина треба да се испорача до декември в година.
Од Владата нагласија дека набавката на оваа количина вакцини против Ковид-19 за 2022 година е заради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата како јавен интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).