Контакт

Култура

„Ритамот во себе“ – мултимедијален концерт за деца во Филхармонија

Објавено пред

„Ритамот во себе“ е мултимедијална продукција за млада публика на возраст од 11 до 14 години која премиерно ќе биде изведена в сабота во 12 часот во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се делата за перкусии во изведба на Антоние Весковски, Благоја Антовски, Атанас Алексов, Влатко Митев, Иван Узунов, Теодор Теодосиевски, Зорица Здравковиќ и Кораб Хајдари. Визуелизацијата е на Емил Петров и Доријан Миловановиќ.

dobivaj vesti na viber

Филхармонија, која годинава концертната сезона ја реализира под мотото „Филхармонија во движење“, се приклучува во борбата против загадувањето, а во истовреме дава порака дека животот е движење.

„Ние сме првата генерација којашто го чувствува ефектот на климатските промени и можеби последната која има шанса да направи промени. Токму темата за климатските промени и човекот како најголем импакт фактор (фактор на влијание), се инспирација за создавањето на оваа музичка приказна, која за крајна цел го има будењето на индивидуалната свест, а наведува и на критичко и креативно размислување на темата за заштита на животната средина и справувањето со климатските промени. Oдлуката да се спаси животната средина мора да потекнува од човечкото срце. Затоа исклучително важно е да ѝ веруваме на својата интуиција и да го следиме своето срце. Светот е нашето огледало и тој се менува заедно со нашата сопствена промена. А, ритамот на промените е во секој од нас“, порачаа од Филхармонијата.

Култура

Филмот „Отецот наш” на Горан Станковиќ со светска премиера на 50. „Торонто филмски фестивал“

Објавено пред

Од

Дебитанскиот игран филм на режисерот и сценаристот Горан Станковиќ, снимен во копродукција со Македонската филмска продукција Дрим Фектори (Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), ќе ја има својата светска премиера во програмата Discovery, на  Интернационалниот Филмски Фестивал од А класа Торонто кој се одржува од 4 до 14 септември.

dobivaj vesti na viber

„Отецот наш“ ја следи приказната за Дејан, зависник од дрога кој доаѓа во еден манастирски комплекс во оддалечен дел на Србија за да се лекува од својата зависност. Таму, тој е подготвен да биде под будното око на отец Бранко, харизматичен и строг свештеник чии методи на „излекување“ стануваат се поекстремни.

„Филмот ја истражува тенката линија помеѓу дисциплина и насилство, помеѓу духовно водство и авторитарна контрола. Она што започнува како систем за поддршка на крај ќе се претвори во затворен систем кој ја оправдува репресијата во името на промената.“, објаснува режисерот Станковиќ.

Во филмот играат Бранко Исаковиќ, Вучиќ Перовиќ, Јасна Жалица, Тони Михајловски, Ненад Хераковиќ и други.

Продуцент на филмот е Снежана ван Хаулинген, а продукциските куќи се This and That Productions (Србија), во копродукција со Македонија (Dream Factory), Италија (Nightswim), Хрватска (PomPom Film), Црна Гора (KINO) и Босна и Херцеговина (Novi Film).

“Регионалната соработка е од клучно значење за нашите земји да можат да реализираат големи филмски проекти кои ќе бидат забележани и избрани на елитни фестивали како Торонто. Навистина голема привилегија е што нашиот филм ќе ја доживее својата светска премиера во програмата Discovery на Торонто Филмскиот Фестивал (TIFF) — платформа со светски реноме што отсекогаш ги открива и промовира најталентираните нови филмски автори“, изјавија македонските копродуценти Огнен Антов и Стојан Вујичиќ (Dream Factory Macedonia) поврзано со светската премиера, додавајќи: „успеавме да собереме голем број македонски креативци кои активно учествуваа во обликувањето на проектот како Тони Михајловски, Игор Поповски, Дарко Бошковски, Александар Ристевски и др.“.

Ова е долгометражниот деби на режисерот Горан Станковиќ, кој претходно се здоби со признание во регионот како ко-сценарист и режисер на ТВ сериите „Операција Сабја“ и „Утрото менува сè“.

Филмот „Отецот наш“ е поддржан од Филмскиот центар на Србија, Министерството за култура на Република Србија, Агенцијата за филм на Р.Македонија, Министерството за култура и туризам на Италија, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Филмскиот центар на Црна Гора, Сараевскиот филмски фонд, Креативна Европа – МЕДИА програмата и RE-ACT фондот.

Торонто Меѓународниот Филмски Фестивал е еден од најголемите и најпосетуваните фестивали во светот, а неговите добитници директно се квалификуваат за номинации за BAFTA и Оскар.

Фестивалската програма се објавува постепено, а целосната програма ќе биде објавен до 12 август. Јубилејното 50. издание ќе се одржи од 4 до 14 септември

Прикажи повеќе...

Култура

Со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија утре се затвора Скопско лето

Објавено пред

Од

Овогодишното 46-то издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено ќе се затвори со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“, кој ќе се одржи утре – 30.07.2025г. (среда) со почеток во 20:30 часот, во Сули ан.

dobivaj vesti na viber

Диригент: Иван Еминовиќ

Програма:
А. Вивалди – Четири годишни времиња
А. Пјацола – Четири годишни времиња

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ е основан пред повеќе од 35 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија во 1986 година. Составен е од студенти на Факултетот за музичка уметност од Скопје, но во него често може да се сретнат и млади музичари од други земји. Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија со своето музицирање во сиот овој период се наметна како изведувачки состав со високо професионални квалитети. Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле значајни имиња од македонската музичка сцена: Фимчо Муратовски, Горјан Коруновски, Саша Николовски-Ѓумар, Вања Николовски-Ѓумар, Мирослав Спасов, Борјан Цанев, Бисера Чадловска, Олег Кондратенко, но и познати странски диригенти како: Арилд Ремерајт, Миша Кац, Џанлука Мартиненги и други. Оркестарот е и добитник на национални награди и признанија.

Билетите се во продажба на karti.com.mk, а ќе се продаваат и на влез на Сули ан, пред почетокот на настанот.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Националниот џез-оркестар ќе гостува на фестивалoт Сплитско лето

Објавено пред

Националниот џез оркестар ќе гостува на еден од најзначајните културни настани во регионот – фестивалот „Сплитско лето“. Концертот ќе се одржи на 30 јули, на величествениот Перистил во Сплит, во организација на Хрватскиот народен театар.

dobivaj vesti na viber

Овој концерт ја отвора новата сезона на интернационални гостувања за Националниот џез оркестар, со кои оркестарот ја зацврстува својата позиција на меѓународната музичка сцена преку иновативен пристап и силна уметничка визија.

Публиката во Сплит ќе има ретка можност да ужива во уникатна програма што го поврзува современиот џез со традиционалното португалско фадо – во изведба на Националниот џез оркестар и извонредната вокалистка Мариа Мендеш, под диригентство на маестро Владимир Николов.

Соработката на Националниот џез оркестар со Мариа Мендеш започна со незаборавниот концерт во Скопје, во март оваа година. Вечер што нежно допре до публиката, благодарејќи на внимателната и чувствителна изведба која создаде посебна атмосфера.

Настапот на „Сплитско лето“ носи повеќе од музика – тој е израз на културна размена, меѓународна поврзаност и внимателно претставување на македонската уметничка сцена пред европската публика.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...

Македонија2 часа

Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма што не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија,...

Свет3 часа

Кина нуди 500 евра годишно за секое дете во период од три години за да го поттикне наталитетот

Поради заканувачката демографска криза, Кина почна да им нуди финансиска помош на родителите за да ги поттикне раѓањата. Новата мерка...

Македонија3 часа

Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира...

Свет4 часа

Русија: Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот

Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот, а Русија сама води борба против целиот тој регион, тврди рускиот министер...

Регион4 часа

(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот. Снимка од...

Свет5 часа

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи...

Македонија14 часа

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет17 часа

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион18 часа

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија21 час

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија22 часа

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт1 ден

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија1 ден

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет1 ден

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...

Регион1 ден

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до...

Свет1 ден

САД и ЕУ постигнаа договор за царините

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа рамковен трговски договор, објавија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија,...

Македонија2 дена

Паника во Катланово и Петровец поради голем пожар, Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската

Попладново пожар изби и помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава...