Македонија
Формирана секција на млади новинари при ЗНМ
По иницијатива на група млади новинари од повеќе различни медиуми вчера беше формирана секција на млади новинари при ЗНМ. На состанокот на кој имаше четириесетина учесници се дебатираше кои ќе бидат приоритетите и целите на оваа секција во 2022 година. Вмрежување меѓу редакциите, подобрување на социоекономскиот статус на младите новинари, надградување на вештините за напредно известување и почитување на стандардите во новинарската фела беа дел од темите за кои се разговараше на форумот.
Целта на формирањето секцијата пред сè е да се афирмира новинарството како атрактивна професија, од причина што денес има сè помалку интерес за истата и многу редакции се соочуваат со сериозен проблем да најдат новинари. Освен ова, со секциите се цели кон градење поголема солидарност во новинарската професија и на дополнително надградување на знаењата како професионалци во секторот. Покрај популаризацијата, секцијата во иднина, преку градење на капацитетите ќе им овозможи на младите новинари да добијат не само можност да слушнат искуства од други медиуми и историски преглед како се менувале работите, но и околу професионалните стандарди и црвените линии во професијата.
Како една од стратешките цели на ЗНМ од особена важност е градењето на капацитетите и унапредувањето на условите за работа во редакциите како и подобрувањето на соработката на младите новинари со своите поискусни колеги во редакциите. Таквата соработка ќе придонесе за поактивно вклучување на младите во креирањето на професионален амбиент за работата на новинарите.
На настанот поздравни обраќања имаа Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ, Сашка Цветковска, координатор на иницијатива за формирање на Секција на млади новинари при ЗНМ и Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ кој ја претстави целта за формирањето на секцијата на млади новинари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

