Забава
(Видео) My Sweet Lord на Џорџ Харисон доби видео за 50-годишнината на хитот
По 50 години, My Sweet Lord на Џорџ Харисон конечно го доби своето прво официјално видео.
Познати личности, вклучително и колегата од „Битлси“, Ринго Стар, се здружија за да му оддадат почит на Харисон во првото официјално музичко видео за неговата класика од 1970 година.
Харисон, кој почина во 2001 година, ја издаде песната од албумот All Things Must Pass како негов прв соло сингл по распадот на „Битлси“и се најде на топ-листите ширум светот.
Песната го рефлектираше истражувањето на Харисон на источните духовни концепти и другите религии.
Видеото, објавено во средата, е хумореска во која актерот од „Војна на ѕвездите“ Марк Хамил глуми шеф на тајната служба која испраќа двајца специјални агенти – Фред Армисен и Ванеса Баер од Saturday Night Live – на метафизичка мисија „да се бара она што не може да се види“, се наведува во соопштението за печатот на веб-страницата на Харисон.
Во видеото се појавуваат повеќе од 40 музичари, актери и комичари, кои се испраќаат како специјални агенти и други ликови.
„Пристапот беше визуелно да се претстави песната додека овие агенти и инспектори постојано го пропуштаа метафизичкото чудо околу нив“, напиша Ленс Бенгс, кој го режираше видеото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Пријанка Чопра објави фотографија од детството, ја нападнаа дека е „трансродова“
Пријанка Чопра, индиска актерка, пејачка, поранешна Мис на светот и сопруга на пејачот Ник Џонас, на социјалните мрежи објави фотографија од младоста поради која стана мета на негативни коментари.
„Предупредување: Немојте да се потсмевате со мојата деветгодишна верзија. Неверојатно е да се мисли што може да и направи пубертетот и дотерувањето на една девојка. Лево е мојата фотографија кога бев помлада со момчешка фризура што требаше да биде практично за училиште (благодарам, мамо). Претходно имав фризура во облик на чинија, па ова беше подобрување“, напиша Пријанка покрај фотографиите.
„На десната страна сум јас на 17 години, откако ја освоив титулата Мис Индија во 2000 година и уживав во шармот на косата, шминката и гардеробата. Фотографиите се направени со разлика од помалку од десет години. Како што прекрасно кажа Бритни Спирс: Јас не сум девојка, но сè уште не сум ни жена. Токму така се чувствував тогаш, влегувајќи во големиот свет на забавната индустрија“, додаде таа.
На Инстаграм ја следат повеќе од 92 милиони луѓе, а некои и напишале грди коментари поради фотографија од нејзиното детство.
„Убаво го напишавте сето тоа, но заборавивте да ја спомнете пластичната хирургија“, „Ова е неверојатно“, „Секогаш ми изгледаше малку мажествено, мислев дека можеби е трансродова, ова е доказ“, „Заблагодари се на твојот пластичен хирург“ , „Позади овие фотографии се крие подлабока приказна“, „Се родила како машко“, беа коментарите на некои луѓе.
Секако, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана и и пишуваа комплименти.
Забава
Бил Гејтс: Кога ќе ве прашаат за плата на интервју за работа, побарајте опција за акции
Интервјуата за работа може да бидат доста стресни, а едно од прашањата што ги интересира повеќето работодавци е очекувањата за платата на кандидатот.
Бил Гејтс, милијардерот и технолошки магнат познат по тоа што го ко-основа Мајкрософт во 1975 година, еднаш откри што сметал дека е совршен одговор на тоа прашање. Гејтс верува дека можете да одговорите на прашањето за очекуваната плата на начин што ќе ве издвои од другите кандидати и предложи како да одговорите.
„Се надевам дека пакетот со опции е добар. Подготвен сум да ризикувам и мислам дека компанијата има одлична иднина, па затоа повеќе би сакал да добијам опција за акции отколку паричен надоместок“, објасни тој.
Гејтс смета дека со ваквиот пристап кандидатот покажува дека е посветен на бизнисот бидејќи заработувачката ја поврзува со сопствениот учинок, што на работодавците им покажува дека е свесен за сопствените способности. Тој исто така објасни дека можете да го прилагодите овој пристап на секоја компанија која нуди бонус систем.
На пример, можете да нагласите дека сте посветени на целта секој квартал да докажувате зошто ја заслужувате вашата целосна плата. На овој начин, според Гејтс, покажувате дека, иако сте таму за да заработите пари за себе, вие сте посветени и на успехот на самата компанија.
Забава
Критики за новата мис универзум поради песна: „Одземете ѝ ја круната“
Дваесет и едногодишната добитничка на титулата мис универзум се снимила како ги движи усните додека ја пее песната „Емпајр стејт оф мајнд“ (Empire State of Mind) на раперот Џеј Зи. Многумина напишаа дека песната содржи расистички навреди и дека не може да поверуваат дека данската манекенка го синхронизирала овој текст. Нејзиното видео набргу се прошири на социјалните мрежи и наиде на многубројни негативни коментари.
„Ова е лудо“, „Не ми се верува дека сум сведок на ова во реално време“, „Ќе ѝ ја одземат круната“, „Извинувањето не е доволно, ако воопшто се извини“, „Одземете ѝ ја круната“, се некои од коментарите.
New York 🗽💚 pic.twitter.com/4gzQLWKjUM
— Victoria Kjær Theilvig (@victoriaakjaer) November 22, 2024
Но, имаше и такви што застанаа во одбрана на Викторија и напишаа дека таа само се забавува.
„Бела жена пее песна што вообичаено ја пее црнец, а оваа разбудена толпа ја нарекува расист. Таа нема за што да се извинува“, се вели во еден од коментарите. По критиките и прозивките, Викторија не се огласи, како и организацијата „Мис универзум“.
Викторија неодамна беше крунисана на изборот за мис универзум во главниот град на Мексико. Таа влезе во историјата како првата Данка што стана мис универзум. Пораснала во мирно предградие на Копенхаген, а подоцна се преселила во урбаното јадро на градот и дипломирала бизнис и маркетинг.
View this post on Instagram
Викторија објави дека нејзиното владеење како мис универзум ќе се фокусира на нејзината страст за благосостојба на животните, со цел да го привлече вниманието на прашања, како што се зачувување на дивиот свет, хуманиот третман на животните и важноста на одржливите практики во индустриите што влијаат на животинските живеалишта.