Македонија
327 новозаразени и 12 починати од Ковид-19 во последние 24 часа
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.740 тестирања, а регистрирани се 327 нови случаи на Ковид-19: во Скопје – 159, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Битола – 17, Гевгелија – 13, Охрид – 12, Куманово – 9, Свети Николе – 8, Штип – 7, Тетово, Велес, Крива Паланка и Валандово по 5, Кичево и Ресен по 4, Струмица, Кочани, Неготино и Крушево по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар по 2 и по еден заразен во Гостивар, Струга, Делчево, Виница, Пробиштип, Кратово и Македонски Брод.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 12 починати лица – шестмина од Скопје (57, 64, 72, 76, 85 и 86 години), две од Прилеп (40 и 82 години) и по едно починато лице од Битола (67), Кавадарци (73), Кочани (72) и Македонски Брод (70). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 4 смртни случаи во периодот од 27 ноември до 15 декември. Меѓу починатите лица, двајца се од Скопје и по едно лице од Кочани и Свети Николе. Починатите лица се на возраст од 57 до 88 години, при што едно лице е починато во домашни, а три во болнички услови.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 325 оздравени пациенти од: Скопје – 171, Кавадарци – 28, Прилеп – 25, Битола – 18, Куманово – 13, Кочани – 9, Радовиш – 8, Тетово и Штип по 6, Неготино, Ресен, Делчево и Демир Хисар по 5, Велес и Кичево по 4, Струмица, Гевгелија и Кратово по 2 и по еден оздравен од Свети Николе, Берово, Валандово, Богданци, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран.
Направените 2.740 теста се преку: ИЈЗ – 253, ЦЈЗ Скопје – 67, ЦЈЗ Битола – 62, ЦЈЗ Прилеп – 38, ЦЈЗ Тетово – 5, ЦЈЗ Куманово – 60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, лабораторија во болницата во Козле – 24, УК Пулмологија со алергологија – 1, Институт за микробиологија – 125, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 53, „Авицена“ – 132, „Биотек“ – 146, „Систина“ – 78, лабораторија „Лаор“ – 82, „Синлаб“ – 9, „Ремедика“ – 5, „Плодност“ – 26, „Генеа“ – 9, „Никоб лаб“ – 292, „ВФВ медикал“ – 50, „Ели медика“ – 39, „Ројал медика“ – 21, „Спектра-ММ“ – 7, „Рапид лаб“ – 3, „Жан Митрев Струмица“ – 8, „Нова лаб дијагностика“ – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.140.
Досега во земјата се направени вкупно 1.515.236 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи изнесува 5.437.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 96.760, Активни 2.605
Куманово 13.045, Активни 152
Тетово 11.393, Активни 86
Прилеп 10.567, Активни 360
Битола 9.040, Активни 433
Гостивар 8.082, Активни 20
Велес 7.426, Активни 168
Кавадарци 7.275, Активни 261
Штип 6.686, Активни 105
Охрид 6.650, Активни 227
Струмица 6.212, Активни 129
Кичево 4.283, Активни 75
Кочани 4.077, Активни 76
Струга 3.917, Активни 28
Гевгелија 2.869, Активни 96
Неготино 2.609, Активни 51
Свети Николе 2.149, Активни 51
Крива Паланка 1.936, Активни 60
Ресен 1.791, Активни 51
Радовиш 1.786, Активни 52
Берово 1.472, Активни 32
Дебар 1.456, Активни 0
Делчево 1.445, Активни 71
Виница 1.169, Активни 15
Пробиштип 1.133, Активни 22
Валандово 994, Активни 57
Кратово 785, Активни 18
Богданци 663, Активни 31
Демир Хисар 628, Активни 29
Крушево 601, Активни 25
Македонски Брод 516, Активни 17
Македонска Каменица 426, Активни 24
Демир Капија 426, Активни 0
Пехчево 355, Активни 5
Дојран 172, Активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“
Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, прими претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, кои ги образложија нивните ставови врзани за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето.
Истакнувајќи ги своите барања, тие укажаа на потребата од воспоставување мерни станици со 24/7 мерење на загадувачките супстанци, целосна транспарентност на добиените податоци, како и усогласување со препораките на Светската здравствена организација за граничните вредности на ПМ10 честичките.
Претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ споделија компаративни примери од други држави каде што пропишаните параметри се пониски од македонските.
Според нив, наместо да се ангажираат приватни акредитирани лаборатории за независни мерења, треба час поскоро да се забрза процесот на акредитација на државната лабораторија.
За нив, неопходна е поголема институционална поддршка и очекуваат надлежните, доследно, транспарентно и неодложно да ги извршуваат законските обврски во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.
Претседателката, пред сè како граѓанка, ја сподели загриженоста за загадувањето на воздухот, почвата и водите, како едно од најгорливите прашања.
Сиљановска-Давкова ги сослуша аргументите и истакна дека со внимание ги следи нивните активности насочени кон поздрава и побезбедна животна средина, како врвен национален приоритет.
Таа потсети дека не случајно го именувала за член на Советот за безбедност, професор и научник од областа на метеорологијата и климатските промени, д-р Спиридонов.
Соговорниците се согласија дека животната средина е заедничка одговорност и стратешка определба, оти е неопходен континуиран дијалог меѓу граѓанските организации, институциите и стопанските субјекти заради креирање одржливи и долгорочни решенија, како и дека Собранието треба, согласно Деловникот, да ги отвори портите за нив во расправата за законите од областа на животната средина и вршењето на надзорната функција.
Македонија
Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1
Советот на Општина Центар на денешната седница не ја изгласа одлуката за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, конкретно за ГП 13.1 и ГП 13.11, со локација кај поранешната печатница „Нова Македонија“.
Сите 23 советници гласаа против донесувањето на предлог-одлуката.
,,Ние, како администрација, имаме обврска точката да ја ставиме на дневен ред и воедно да ги посочиме сите импликации. Советниците се тие што гласаат и ја носат одговорноста. Нема потреба од прозивки, медиумски пи-ар и театар. Овде станува збор за буџетот на граѓаните, а не за партиски интереси. Советот мора да носи одлуки во интерес на граѓаните, а не за дневнополитички калкулации“, рече градоначалникот на Општина Центар. Горан Герасимовски
Претходно, Комисијата за урбанизам на Општина Центар даде позитивно мислење за предлог-одлуката.
Од оптината појаснуваат дека согласно законот за техничка грешка, исправката во донесен урбанистички план не подразбира никакви измени во планирањето или параметрите на планот туку станува збор исклучиво за корекција на грешка во техничкиот дел на исцртување на планот. Во конкретниот случај, како што додаваат, градежната парцела во мал дел не била целосно затворена, односно оформена.
Македонија
Мицевски се сретна со францускиот амбасадор: Фокус на борбата против корупцијата и реформите
Денес во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, оствари средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.
Во фокусот на средбата беа заложбите на владејачкото мнозинство за бескомпромисна борба против корупцијата и остварување на видлив економски развој за граѓаните и земјата. Дополнително, координаторот Мицевски ја истакна подготвеноста на Собранието и понатаму да биде силен двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди.
Во разговорот се нагласи дека заедно со нашите европските пријатели чекориме кон градење на просперитетна и сигурна европска иднина за сите.

